1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фотографија на денот: 29 години независност

8 септември 2020

Северна Македонија денеска го празнува Денот на независноста.

https://p.dw.com/p/3i8ZV
Mazedonien Mazedonier Menschen Skopje Mazedonische Garde Madezonische Flagge
Фотографија: MIA

Пред 29 години, на 8 септември 1991 година, мнозинството граѓани се изјасни за самостојна и суверена држава.

По повод празникот, македонскиот претседател Стево Пендаровски оцени дека сега треба да се работи на брзо завршување на преговорите со ЕУ. „По решавање на деценискиот спор за името со Грција и имплементирање на потребните реформи, станавме полноправна членка на НАТО и со тоа исполнивме една од двете главни стратешки цели на надворешен план. Оваа година очекуваме уште еден успех – формален почеток на преговорите за членство во ЕУ. Ако постои национален консензус за тоа на зборови, сега е нужен и реален, конкретен консенсус меѓу власта и опозицијата, невладиниот сектор и бизнис заедницата за брзо завршување на преговорите затоа што тие се исклучително значаен инструмент за подобрување на животот на сите наши граѓани“, се вели меѓу другото во обраќањето на претседателот Пендаровски.

Централната прослава по повод 29-те години независност денеска ќе се одржи на отворено, во дворот на Владата, каде ќе се обрати премиерот Зоран Заев. Претходно, владина делегација  ќе положи свежо цвеќе на вечните почивалишта на поранешните претседатели на државата, Борис Трајковски и Киро Глигоров, на гробиштата „Бутел“.