1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

28 години македонска независност

8 септември 2019

С. Македонија денеска го празнува Денот на независноста, 28 години од успешно спроведениот референдум во 1991 година на кој мнозинството граѓани донесе одлука за самостојна и суверена држава.

https://p.dw.com/p/3PEP7
Symbolbild Mazedonien Mazedonische Flagge QUER
Фотографија: MIA

Одбележувањето започна вчера попладне со почесна артилериска стрелба од касарната „Илинден“ во Скопје. Денеска ќе биде положено цвеќе на партизанските гробишта во Бутел и на вечните почивалишта на поранешните претседатели Борис Трајковски и Киро Глигоров. Под мотото „Боите на независноста“ во Градскиот парк во Скопје денеска ќе се одржи прослава во организација на Владата на која е најавено и обраќање на премиерот Зоран Заев. 
На 8 септември 1991 година, во предвечерјето на распадот на СФРЈ, на спроведениот референдум македонските граѓани се изјаснија за самостојна и суверена држава .