1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

1900 милијарди

СН/агенции
11 март 2021

Историскиот пакет за помош на економијата во справувањето со корона-кризата на американскиот претседател ја мина последната пречка во Конгресот. Претставничкиот дом ја одобри помошта во износ од околу 1,9 билиони долари.

https://p.dw.com/p/3qT0B
Beschluss zum Corona-Hilfspaket im US Kongress
Фотографија: Joshua Roberts/REUTERS

Илјада деветстотини милијарди долари или 1,9 билиони долари (1,6 билиони евра) - тоа е огромна сума и на многу начини е суперлатив.

Тоа е најголемиот пакет за економска помош на сите времиња. Тоа е најважниот симбол на штотуку започнатото претседателство на Џо Бајден.

По Сенатот и Претставничкиот дом го одобри пакетот благодарение на мнозинството на Демократската партија и единственото што сега недостасува е потписот на претседателот.

Повеќе:

-Бајден: „Сега мора да дејствуваме!“

-Џо Бајден планира комеморација за починатите од Ковид-19

-Што го натера Трамп (сепак) да стави потпис на помошта во пандемија

Тогаш законот стапува во сила и парите за помош можат да течат. Во декември,  веќе Конгресот усвои еден пакет помош во вредност од околу 900 милијарди долари.

Чекови од 1400 долари за милиони граѓани

Со огромниот финансиски пакет , Бајден сака да ја интензивира борбата против пандемијата и нејзините економски последиици. Меѓу другото, се планираат чекови за 1.400 американски долари за милиони граѓани, за што  се издвоени  повеќе од 400 милијарди долари од пакетот. Исто така до септември треба да биде продолжено важењето на дополнителните надоместоци за невработеност од 300 американски долари неделно,  кое истекува во недела. Покрај тоа, се прошируваат даночните попусти за семејства со деца и вработените со ниски плати.