1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Почина легендарниот порно-могул Лари Флинт

ЕМФ | агенции
11 февруари 2021

Легендарниот американски порно-могул Лари Флинт почина на 78-годишна возраст во Лос Анџелес. Флинт беше многу контроверзен издавач и борец за правото на слободно изразување на мислењето.

https://p.dw.com/p/3pCSG
USA Hustle-Gründer Larry Flint gestorben
Фотографија: abaca/picture alliance

Основачот на магазинот „Хастлер“, Лари Флинт, починал „од последици на ненадејна болест“, соопшти неговата портпаролка. Флинт починал во болница во Лос Анџелес „мирно во сон“, во присуство на сопругата Лиз и ќерката Тереза. Според веб-страницата „ТМЗ“, Флинт починал како последица на откажување на срцето.

Флинт го основаше магазинот „Хастлер“ во 1974 година, како поексплицитна конкуренција на еротските магазини од тоа време, како „Плејбој“. Кога една година подоцна објави фотографија од поранешната прва дама на САД, Џеки Кенеди, како се сонча гола, тиражот забележа огромен скок. Флинт со текот на годините создаде империја од дузина магазини, порно-веб страници, клубови и едно казино.

ПовеќеКако Хју Хефнер го смени светот на магазините

Со филмот „Лари Флинт - гола вистина“ режисерот Милош Форман во 1996 година му подигна споменик на Флинт. Истата година, во воведот на автобиографијата на Флинт, Форман напиша: „Мора да признаам дека никогаш не сум го купил магазинот 'Хастлер', и мислам дека никогаш нема да го купам. Но, се' додека сум жив, ќе му се восхитувам на Лари Флинт - на неговиот живот, храброст и упорност.“

Во 1978 година Флинт беше застрелан од страна на десен екстремист откако објави слики на двојки со различна боја на кожата. Оттогаш беше парализиран и во инвалидска количка.

Повеќе: Беате Узе, жената која ги урна секс-табуата во Германија

Флинт беше многу контроверзен издавач и борец за правото на слободно изразување на мислењето. Во 1988 година предизвика внимание со пресудата во Врховниот суд на САД. Имено, Врховниот суд тогаш застана на страната на „Хастлер“ и отвори голем простор за сатирата на сметка на религијата. Магазинот го имаше земено „на мета“ познатиот евангеликански проповедник Џери Фолвел и опишуваше како тој наводно во ВЦ-куќичка првпат имал секс со својата пијана мајка.

Инаку, Флинт се обиде и во политиката и се кандидираше, меѓу другото, за гувернер на Калифорнија. Во 1990-те му даде поддршка на тогашниот претседател Бил Клинтон, кој беше соочен со импичмент поради аферата со практикантката Моника Левински. Во 2017 година Флинт уште еднаш се најде во фокусот, кога понуди награда од 10 милиони долари за компромитирачки информации во врска со тогашниот претседател Доналд Трамп кои би довеле до негово симнување од власт.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема