1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Филе: Националниот идентитет не е предмет на оценка

30 октомври 2011

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе порачува дека прашањето на националниот идентитет и јазик не се услови во пристапниот процес и не се предмет на оценка на Извештајот на ЕК за напредокот на Македонија.

https://p.dw.com/p/131uO
Еврокомесар за проширување Штефан ФилеФотографија: AP

Група млади интелектуалци од Македонија во петокот добила одговор од канцеларијата на еврокомесарот за проширување Штефан Филе, за нивната реакција поради изоставувањето на придавката „македонски“ од извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија.

Во писмото, потпишано од Леос Јавурек, Советник за меѓународни односи во Европската комисија се вели дека оваа институција целосно ги почитува релевантните резолуции на Обединетите Нации поврзани со прашањето за спорот со името.

„Комисијата го анализира напредокот направен во клучните реформски области потребни за да се доближи земјата поблиску до ЕУ. Извештајот за напредокот ја преставува нашата заедничка агенда во тој правец, како што членството во ЕУ на вашата земја ќе донесе видливи придобивки за нејзините граѓани и граѓаните на Европската унија. Комисијата е конзистентна во своето известување и комуникација. Европската комисија целосно ги почитува релевантните резолуции на ОН во врска со името. Комисијата исто така целосно ги поддржува разговорите во ОН во однос на прашањето за името и ги охрабрува страните да останат целосно посветени со цел да се изнајде решение во спорот со името“, се вели во одговорот од канцеларијата на Филе.

Автор: СН/ АТ/ макфакс

Редактор: Александра Трајковска