1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Дигитален свет

Фејсбук мора да бара и да брише

ЕМФ / дпа
3 октомври 2019

Лицата кои се навредувани на Фејсбук или други онлајн-портали, може да бараат тие или слични формулации да бидат барани и избришани - ширум светот!

https://p.dw.com/p/3QgU4
Symbolbild Facebook Europäische Union
Фотографија: picture-alliance/NurPhoto/J. Arriens

Европскиот суд во Луксембург денеска донесе пресуда во случајот на поранешната шефица на австриските Зелени, Ева Главишниг, која била навредувана на социјалната мрежа Фејсбук. Таа, меѓу другото, била нарекувана „мизерна предавничка на народот“ поради тоа што се залагала за интересите на бегалците. Политичарката се жалеше, по што Фејсбук ја избриша објавата.

Според одлуката на судот, онлајн-мрежите и порталите, во случај на противзаконски навреди, може да бидат принудени да бараат такви или слични констатации и да ги избришат. ЕУ-правото не е спротивно на соодветните одлуки донесени од страна на националните судови, смета Европскиот суд во Луксембург. Земајќи го предвид релевантното меѓународно право дури може да се побара бришење на вакви објави ширум светот!

Повеќе: Фејсбук отстрани 212 профили и страници од Македонија и Косово

Прашањето кое всушност судот мораше да го разјасни беше - дали Фејсбук во ваков еден случај може да биде обврзан од страна на еден суд да бара и да брише исти или слични навредливи коментари. Според судиите, одговорот е - да. Притоа, коментарите со слична смисла би морало да бидат многу прецизно објаснети, за Фејсбук да може да ги пронајде.