1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ФДП - партија во трајна криза

Марсел Фирстенау / Е.М.Фиданоска6 јануари 2013

Филип Реслер сакаше да ги им помогне на германските либерали (ФДП) да го подобрат рејтингот. Но по неговиот избор за претседател на партијата, падот драматично се забрза.

https://p.dw.com/p/17EnG
Фотографија: dapd

„Ви ветувам дека отсега, од денеска, конечно повторно ќе почне подемот на Слободните демократи.“ Оваа реченица е на Филип Реслер (фото горе), кажана непосредно по неговиот избор за претседател на ФДП, на 13 мај 2011 година. Речиси 20 месеци потоа е јасно дека Реслер премногу вети. На неговата партија и‘ оди во најмала рака исто толку лошо како претходно. Сите избори значат неизвесност. Од доаѓањето на Реслер на чело на ФДП, либералите на четири од шест покраински избори не успеаја да го минат цензусот потребен за влез во парламентот. Ваква судбина се заканува и на 20 јануари, на изборите во Долна Саксонија, политичката татковина на Реслер.

За некогашниот носител на надеж на либералите би било лично особено трагично доколку неговата куса кариера, заврши таму каде што и почна. Реслер, пред да биде повикан за мниистер од страна на канцеларката Меркел во Берлин, есента 2009 година, ја донесе ФДП од опозиција на власт во покраината. Младиот човек меѓутоа не беше олицетворение на иднината на партијата само поради овој успех, туку и поради тоа што наидуваше на добар прием со својата симпатичност, чувствителност, говорнички способности и виц. Откако стана шеф на ФДП од тоа веќе нема ништо.

Deutschland Parteien FDP Symbolbild Dreikönigstreffen in Stuttgart
Фотографија: dapd

Стабилно под пет проценти

Тој програмски се‘ повеќе потсетува на својот претходник Гидо Вестервеле, чија мантра покрај барањето за ниски даноци, беше и барањето за приватизирање. Неодамна Реслер обелодени барање за продавање на јавниот имот за да се намали задолжувањето. Актуелниот шеф на ФДП станува се‘ посличен на претходникот, а на најголемиот дел од либералите толку многу им олесна кога министерот за андворешни работи Гидо Вестевреле по десет години на врвот на партијата конечно го ослободи местото.

Во истражувањата на јавното мислење, ФДП стои стабилно под пет проценти, што во моментов би значело дека не би успеала да влезе повторно во Бундестагот. Раководството на партијата со месеци се бори меѓу себе. Министерот за развој Дирк Нибел во повеќе интервјуа изрази желба на парискиот конгрес на почетокот на мај во Нирнберг да има повеќемина кандидати за раководната функција во партијата. Тоа би бил добар знак на внатрепартиска демократија, образложи Нибел на крајот на 2012 година.

Денеска (06.01), на традиционалната средба на ФДП на денот на Светите три крала во Штутгарт, Реслер ја има можеби последната шанса да го земе цврсто в рака партиското кормило. Тој е последен што ќе зборува. Многу е можно веќе по неколку недели да се вели дека на овој ден го имал последниот свој настап среде голема кулиса.