1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Уште едно дете спасено од рушевините во Измир

ЖА / агенции
3 ноември 2020

Потрагата по преживеани по силниот земјотрес во Турција е и трка со времето. Спасувањето на дете четири дена по земјотресот е речиси рамно на чудо.

https://p.dw.com/p/3knkl
Erdbeben Türkei Izmir Ayda Gezgin
Фотографија: AFAD/ REUTERS

По 91 час по катастрофалниот земјотрес во Егејот, спасувачките екипи од урнатините во Измир денеска извлекоа живо четиригодишно девојче. Ова го соопшти градоначалникот на пристанишниот град, Тунџ Сојер. Вчера беа пронајдени и спасени уште две деца – едно тригодишно и едно 14-годишно девојче.

Повеќе:

Тригодишно девојче спасено во Измир – 65 часа по земјотресот

Потрага по преживеани во Измир

Силен земјотрес во Турција

Од силниот потрес во петокот попладнето беа погодени  делови од западна Турција, но и од Грција. Според најновите податоци, во Турција животот го загубиле преку 100 лица, додека на грчкиот остров Самос две момчиња загинаа откако врз нив се урнал ѕид. Бројни објекти се уништени, без покрив над главата се останати повеќе од 5.000 луѓе и четврта ноќ по ред мораа да поминат во шатори.

Стотици дополнителни потреси

Службата за справување со катастрофи соопшти дека регионот до денеска бил потресен од дополнителни преку 1460 земјотреси, од кои 44 со сила од преку четири степени. Епицентарот на земјотресот од петокот се наоѓал во Егејско Море пред турската провинција Измир и бил со јачина од околу седум степени.

Турција се наоѓа на тло кое се смета за сеизмичко, земјотресите се релативно чести. Во јануари беа регистрирани два потреси во турскиот источен брег, во градовите Елазиг и Малатаја, при што загинаа преку 40 лица.