1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Усвоен пакетот мерки за штедење во Грција

29 јуни 2011

Грчкиот парламент го усвои спорниот пакет мерки за штедење. За него гласаа 155 од вкупно 300 пратеници.

https://p.dw.com/p/11laE
Фотографија: AP

Од усвојувањето на мерките, кои предвидуваат заштеда од 28 милијарди и приватизација на државен имот, што треба да донесе 50 милијарди евра, зависи натамошната меѓународна помош, за Грција да се спаси од банкрот.

Антонис Самарас, шеф на опозиционата конзервативна партија Неа демократија, претходно најави дека неговата пратеничка група ќе ги отфрли мерките, оти тие не ја поттикнувале економијата.

Илјадници Грци демонстрираат пред парламентот во Атина против мерките за штедење. Поединци се обидуваа да им го препречат на пратениците патот кон парламентот, при што дојде до судири со полицијата. Таа употреби солзавец.

Автор: ЗЈ/ дв/ миа

Редактор: Александра Трајковска