1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Ураганот Харви ослабнат, но и натаму опасен

СН/ агенции
26 август 2017

Ураганот Харви продолжи да слабее откако стигна до копното на Тексас, но поројните дождови и силните ветришта и натаму пустошат во оваа сојузна држава на САД.

https://p.dw.com/p/2istj
USA Hurrikan «Harvey» trifft auf Texas' Küste
Фотографија: picture alliance/AP Photo/N. Wagner

Ураганот Харви го погоди југот на сојузната американска држава Тексас синоќа околу 22 часот по локално време, и иако оттогаш ослабна неговиот интензитет, метеоролозите очекуваат дека нивото на водата ќе расте поради обилните дождови и силните ветришта кои ќе продолжат и во наредните денови, јавуваат американските медиуми . Ураганот Харви вобчеравечер беше прогласен за ураган од четврта категорија, што е прва бура со толкав интензитет во Тексас во последните 56 години и севкупно на територијата на САД од 2005 година наваму.

Ураганот Харви преку камерите на НАСА

Гувернерот на Тексас Џерџ Абот вчера издаде наредба со која преку 700 припадници на Војската на Тексас и Воздухопловната национална гарда, Државната гарда и Воениот одел на Тексас да бидат во состојба на готовност ширум оваа сојузна држава.

А наведува оти Харви по првичниот налет на територијата на Тексас е вратен на ураган од трета категорија во 4 часот наутро по источно време, кога ветровите со јачина од околу 215 километри на час се намалија на 180 километри на час, како што е соопштено од Националниот центар за урагани. Во меѓувреме неговиот интензитет се намали на ураган од втора категорија.

USA Hurrikan «Harvey» trifft auf Texas' Küste
Фотографија: picture alliance/AP/Corpus Christi Caller-Times/C. Sacco

Десетици илјади жители на јужниот дел на Тексас се евакуирани од вкупно седум окрузи на крајбрежјето. Иако досега не можат да се проценат штетите настанати од налетот на Харви , метеоролозите прогнозираат дека во некои области нема да има нормални услови за живот со недели или со месеци.