1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Украински пензионер со свои раце направи електромобил

Мауд Димингер
28 август 2019

Васил Тертека веќе не оди во автосалони. Тој својот електромобил си го направи со свои раце.

https://p.dw.com/p/3Oc27
Stromtankstelle für Elektrofahrzeuge
Фотографија: picture-alliance/dpa

Васил Тертека е познат во малото украинско гратче Городок. Тој барал едноставно и евтино возило за да се превезува до своите кошници со пчели. И, едноставно самиот си направил електромобил, зашто, електровелосипед не му бил соодветен.

„Беше тешко дистанцата да се совлада со велосипед. Не младеам. Одлучив да направам мал електромобил. Така не ти вее ветер в лице, а и не ти врне на главата - многу подобро отколку со велосипед“, уверен е Васил Тертека. 

За да го направи возилото му биле потребни три месеци. Како изгледа, што сѐ може и дали е на продажба, погледнете во видеото: 

Електровозило од рачна изработка