1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Украина ја обвинува Русија за фрлање фосфорни бомби

ЕМФ / дпа
2 јули 2022

Змискиот остров во Црното Море, според шефот на украинскиот Генералштаб, Валериј Салушниј, бил нападнат со фосфорни бомби исфрлени од руски борбени авиони.

https://p.dw.com/p/4DYYm
Ukraine | Schlangeninsel
Фотографија: Maxar Technologies/dpa/picture alliance

Шефот на украинскиот Генералштаб, Валериј Салушниј, на Телеграм презентираше видео снимка која би требало да е доказ за бомбардирањето на Змискиот остров со фосфорни бомби. „Единственото во што противникот е консеквентен е непроменетата 'прецизност'“, нагласува тој иронично, укажувајќи на веројатно промашените цели.

Ден претходноруската армија се повлече од островот.Москва тоа го претстави како „гест на добра волја“. Киев, пак, смета дека е тоа украинска победа како резултат на зачестените напади. За успех на украинската армија зборува и американската влада. „Украинците им ги направија на Русите многу тешки нивните операции таму“, се вели од Пентагон. 

Змискиот остов се наоѓа на околу 35 километри пред делтата на Дунав и беше непристапно воено подрачје уште пред почетокот на руската инвазија на Украина. Островот беше нападнат од страна на Русија на вториот ден од војната, на крајот од февруари.