1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

УЕФА ги казни Манчестер Сити и ПСЖ

ЖА/миа17 мај 2014

УЕФА им изрече казни на екипите на Манчестер Сити и на ПСЖ во висина од 60 милиони евра поради кршењето на финансискиот фер плеј.

https://p.dw.com/p/1C1i5
Фотографија: picture-alliance/AP Photo

Двата клуба во следната сезона од Лигата на шампионите ќе можат да регистрираат по 21 играч (наместо 25) и нема да смеат да потрошат повеќе од 60 милиони евра во преодниот рок, ниту во следните две сезони да издвојат повеќе пари за плати од актуелниот износ.

Дел од казната е условна и доколку екипите ги исполнат условите на УЕФА ќе им бидат вратени по 40 милиони евра.

Покрај Манчестер Сити и ПСЖ, УЕФА изрече казни и за уште седум клубови: Зенит, Галатасарај, Рубин, Трабзон, Бурса, Анжи и Левски. Зенит ќе треба да плати 12 милиони (6 условно) и ќе може да регистрира 22 играчи за Лигата на шампионите, а со три милиони е казнет Рубин.