1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Тероризам

Убиецот од Утрехт обвинет за тероризам

СН/ агенции
21 март 2019

Вооружен маж пукаше во патниците во трамвај во Утрехт. Три луѓе загинаа. Дали е во прашање теророристички или напад поради пропадната врска?

https://p.dw.com/p/3FQuy
Niederlande Trauer nach Attentat in Utrecht
Фотографија: Reuters/P. van de Wouw

Осомничениот напаѓач од Утрехт треба да одговара за повеќе убиства со терористички мотив. Ова го соопшти обвинителството во холандскиот град. Тој  според истражителите веројатно дејствувал сам. „Истрагата во меѓувреме утврди дека осомничениот за време на пукањето не добил никаква помош од други луѓе ". Осомничен за злосторството е Ѓокмен Т, кој беше уапсен во понеделникот вечерта. 37-годишниот маж во понеделникот утрината во трамвај во Утрехт уби три и тешко рани уште  три лица. Тој за првпат ќе биде изведен пред истражен судија во текот на утрешниот ден.  Обвинителството меѓутоа не исклучува ниту лични проблеми како мотив за напаѓачот во комбинација со радикализација. Треба да биде направено и психијатриско вештачење. Гласините дека може да станува збор за злосторство поради пропадната врска меѓу сторителот и некоја од жртвите досега не можеа да бидат потврдени.

Niederlande, Utrecht:  Mehrere Verletzte und ein Todesopfer
Фотографија: picture-alliance/A. Asiran

Сѐ уште не е јасно каква улога играл друг човек, кој беше уапсен во вторникот. Обвинителството поаѓа од тоа дека тој му помогнал на осомничениот дури по злосторството.