1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

060411 Türkei Außenpolitik Arabische Revolutionen

10 април 2011

Владата на Ердоган реагира различно на пресвртот во арапските држави. Додека за едни се поддржани демократските стремежи, за други се практикува воздржаност. Економските интереси, притоа, играат важна улога.

https://p.dw.com/p/10oF4
Фотографија: AP Graphics/DW

Во случајот на Египет турскиот премиер беше меѓу првите што јавно побара од претседателот Хосни Мубарак да поднесе оставка:

„Слушнете ги оправданите барања на вашиот народ! Исполнете ги реформските желби на вашиот народ! Во денешниот свет не може да се одолговлекува признавањето на правата и слободите, или дури тие да се игнорираат.“

Karte Naher Osten Englisch

Поинакви беа неговите први реакции на демократското движење во Либија. Кога населението таму излезе на улица да демонстрира против омразениот режим, Ердоган впечатливо долго остана воздржан. Една од главните причини веројатно се тесните економски односи меѓу Либија и Турција. Турски фирми со години градат фабрики, улици, населби или трговски центри во северноафриканската земја.

Дури кога анти-Гадафи демонстрациите се претворија во граѓанска војна и кога Турција мораше да евакуира десетици илјади свои државјани од Либија, Анкара побара од Моамер ел Гадафи да се повлече од функцијата. Не е ни чудо, во игра се зделки тешки милијарди. Тоа е и објаснувањето зошто Турција прави дипломатска шпага - од една страна, преку својата амбасада во Триполи и натаму има контакт со режимот на Гадафи, а од друга страна, Турција како членка на НАТО е дел од спроведувањето на резолуцијата на ОН против Гадафи. Рака на срце, не со воздушни напади, но Турција учествува воено логистички.

Дипломатски пораки до Сирија

Што се однесува до демократското движење во Сирија, Турција е уште повоздржана. Исклучително претпазливо турскиот премиер ја формулира својата критика на режимот на Башар ал Асад:

„Наша добронамерна желба е во Сирија да не се случи истото како во Либија. Тоа би не‘ загрижило многу.“

Ердоган (л.) го опоменува Асад благо дипломатски
Ердоган (л.) го опоменува Асад благо дипломатскиФотографија: AP

Кажано многу дипломатски. Посоодветно би било: доколку состојбата во Сирија се заострува и доколку насислството се зголеми, тоа би била политичка и економска катастрофа за Турција. Политички, затоа што ќе треба да се заземе страна - натаму со поддршка на курсот на Асад, или на страната на сирискиот народ, на демократското движење. Од економски аспект погледнато, нестабилна Сирија би била катастрофа за Турција, затоа што односите со соседот се уште поблиски отколку со Либија.

Осман Бахадир Динчер од турскиот Центар за национални стратешки студии, оценува:

„Турција сака благ премин, а не хаотичен пресврт во Сирија. Од 2000 година таа негува тесни врски со сириската влада. Доколку на сириското раководство на претседателот Ал Асад му успее да спроведе реформи во земјата, може да се случи премин без да има безредија како во Либија.“

Дали ваков благ премин ќе се случи е знак прашање, особено по разочарувачкиот празен говор на сирискиот претседател Асад, пред една недела. Нема најава за длабоки реформи во Сирија. Тука не помагаат ниту телефонските повици на турскиот премиер Ердоган.

Автор: Штефен Вурцел / Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Жана Ацеска