1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Тропски циклон ѝ се заканува на Индија

ЖА / агенции
2 мај 2019

Стотици илјади луѓе на источниот брег на Индија мора да бидат евакуирани поради опасност од циклон.

https://p.dw.com/p/3Ho9t
Indien Zyklon Fani
Фотографија: IANS

Според индиската метеоролошка служба, се очекува тропската бура „Фани“ до сабота да помине преку областите во околината на пристанишниот град Пури, јужно од Калкута, со брзина на ветрот до 200 километри на час. Поради опасноста која се заканува од големото невреме, мора да биде евакуиран регион со околу 800.000 жители, соопшти индиската Служба за справување со катастрофи од сојузната држава Одиша. Луѓето треба да бидат пренесени на безбедно со автобуси, возови и чамци од областите загрозени од поплави во соседните подрачја. Во засегнатиот регион училиштата остануваат затворени, а бројни линии во железничкиот сообраќај се во прекин. На рибарите им е упатено предупредување да не испловуваат на отворено море.

Indien - Zyklon Fani
Издадено предупредување до рибарите да не испловуваатФотографија: picture-alliance/NurPhoto/Str

И во соседната држава Бангладеш се прават подготовки поради очекуваната бура. Тропските циклони во Бенгалскиот Залив не се реткост, пред сѐ во периодот меѓу април и ноември. Во 1996 година циклон со брзина на ветрот која достигна до 260 километри на час помина преку индиската држава Одиша (тогаш Ориса), при што животот го загубија преку 10.000 луѓе.