1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тригодишно дете спасено при пад од шести кат

31 јули 2019

Благодарение на присебноста на соседите и повикани спасувачи, едно момче во Кина е спасено по пад од балконот на стан на шести спрат и останало неповредено.

https://p.dw.com/p/3N5CR
Bildergalerie Leben mit Balkon
Фотографија: Isna

Драма во кинескиот град Чунгкинг: тригодишно дете висело на балкон на шести кат и безуспешно се обидувало повторно да се качи. Присебни соседи и алармирани спасувачи развлекле кебе и го пречекале детето при падот. По прегледот во болница е констатирано - поминало без повреди. На радост на сите, а секако најмногу на бабата- таа го оставила момчето накратко само во станот за да отиде во продавница.

Дете спасено при пад од шести кат во Кина