1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Трамп ѝ се приближува на Клинтон

ЕМФ / дв
22 октомври 2016

Републиканецот Доналд Трамп ја намали предноста на својата демократска ривалка Хилари Клинтон. Трката за претседател во САД станува сѐ понапрегната.

https://p.dw.com/p/2RYMv
USA | Ende der 3. Präsidentschaftsdebatte 2016 in Las Vegas
Фотографија: REUTERS/M. Blake

Истражувањето на јавното мислење на агенцијата Ројтерс и институтот Ипсос вели дека Доналд Трамп има доверба од 40% од избирачите, а Хилари Клинтон од 44%. Претходната недела разликата меѓу двајцата кандидати за американски претседател изнесуваше 7%.Трамп сега повторно има иста доверба како пред објавувањето на видеото со негови вулгарности за жените. По анализата на најновите истражувања на јавното мислење, онлајн-порталот RealClearPolitics дојде до резултат од, во просек, 6,2% предност за Клинтон.

Анкетите покажуваат дека само половината од републиканците би ја прифатиле Клинтон како претседател на САД доколку таа победи на изборите на 8 ноември. Освен тоа, речиси 70% од американските граѓани кои се дел од партијата на Трамп се на мислење дека Клинтон би победила со фалсификување на изборите. Трамп постојано предупредува од опасноста од изборни манипулации и си го задржа правото да преземе мерки против резултатите од гласањето ако е тоа неопходно.

Затоа Хилари Клинтон го обвини Трамп дека ја загрозува демократијата. Мирно предавање на власта е дел од работите кои една демократија ја разликуваат од диктатура, рече Клинтон на предизборен настап во Кливленд.

Напад врз Мишел Обама

Во меѓувреме, Трамп првпат во текот на својата кампња ја нападна првата дама на САД, Мишел Обама. На настап во Флечер, во американската сојузна држава Северна Каролина, кандидатот на републиканците ја критикуваше Обама поради тоа што се ангажира за Клинтон. Тој ја обвини сопругата на американскиот претседател дека има противречен став кон неговата противкандидатка во изборната трка. Мишел Обама еднаш рече дека некој што не може да се грижи за сопствениот дом, нема да може да се грижи ниту за Белата куќа, рече Трамп, упатувајќи со своите констатации на поранешните вонбрачни авантури на сопругот на Хилари Клинтон, екс претседателот Бил Клинтон.

Michelle Obama
Мишел Обама во последните месеци се ангажира силно за Хилари КлинтонФотографија: Picture-Alliance/AP Photo/J. Cole

Мишел Обама во 2008 година, кога Хилари Клинтон му беше конкурент на Барак Обама за демократски кандидат за претседател, на предизборен настап пред жени рече: „Од мој аспект, ако не можеш да одржиш ред во сопствениот дом, тогаш сигурно не можеш да одржиш ред во Белата куќа.“

Во текот на изминатите месеци, меѓутоа, Мишел Обама се ангажираше силно за Клинтон. Таа беше една од главните говорници на партискиот конгрес во Филаделфија во јули, на кој Клинтон беше прогласена за демократски кандидат за американски претседател и жестоко го нападна Трамп минатата недела поради неговите сексистички изјави.

Белата куќа со потсмев ги дочека нападите на Трамп на сметка на Мишел Обама. Портпаролот Ерик Шулц изјави дека не може да си замисли „похрабро средство“ на кандидатот на републиканците за натамошно уривање на сопствениот имиџ од напад врз првата дама на САД.