1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Трамп врбува за гласовите на Афроамериканците

СН/ртр/дпа20 август 2016

Со оглед на неговите повеќенеделни лоши вредности во анкетите, републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп целно им се обрати на афроамериканските гласачи.

https://p.dw.com/p/1JmCK
Фотографија: Reuters/C. Allegri

Додека анкетите покажуваат дека Трамп спроти претседателски избори на 8-ми ноември во САД засилено ја губи поддршката меѓу афроамериканските гласачи, тој во им порача сепак да гласаат за него, бидејќи немаат што да загубат.

„Погледнете колку афроамериканските заедници страдаат под владата на демократите. Ним им го порачувам следното. ‘Што би загубиле обидувајќи се со некој нов, како Трамп?’“, изјави на собирот во Дејмомдејл во Мичиген, на кој присуствувале главно белци-приврзеници на Трамп.

„Живеете во сиромаштија. Вашите училишта не се добри. Немате работа... Што по ѓаволите можете да загубите?“, запрашал Трамп.

Додека афроамериканците повеќето се идентификуваат со Демократската партија од 1950-те години, претседателската кампања на Трамп донесе нови негативни рекорди за републиканците. Анкетите спроведени по јулската конвенција покажуваа дека меѓу афроамериканското население Трамп има поддршка од само 1 или 2 отсто.

Многумина од нив велат дека не можат да го заборават инсистирањето на Трамп за време на изборите од 2012 година актуелниот претседател Барак Обама, првиот американски црнечки претседател дека не е роден во САД, па оттаму и не може да биде квалификуван за Белата куќа. Обама потоа, иако тоа не го стори во текот на првиот мандат, го објави изводот од книгата на родените кој покажува дека е роден на Хаваи.

„Тоа е таква игнорантност што вчудовидува“, напиша демократската кандидатка Хилари Клинтон на Твитер по собирот на Трамп. Марлон Маршал, висок функционер на демократската претседателска кампања, го критикуваше Трамп бидејќи наводно „ја претставува целата афроамериканска заедница дека живее во сиромаштија и без работа“.

USA Donald Trump und Paul Manafort
Фотографија: Reuters/R. Wilking

Трамп, пак, во говорот вети дека, доколку биде избран во ноември, ќе има „повеќе од 95 отсто од афроамериканските гласови“ кога повторно ќе се кандидира на следните претседателски избори во 2020 година.

Вчера Трамп се раздели од својот досегашен менаџер на предизбодната кампања Пол Манафор. 67-годишниот Манафорд се најде под притисок поради дубиозни исплати од Украина.

Поранешниот генерален секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен, за германската телевизија ЦДФ изрази сомнеж во решителноста на Трамп за верност кон Алијансата. Трамп одбива да ја осуди анексијата на Крим од страна на Русија, изјави Расмусен. Редуцирањето на воениот ангажман на САД би можело да предизвика „вакуум“ на моќта, кој може да биде пополнет со „подлеците на овој свет“, истакна Расмусен.