1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Желби за брзо заздравување и пад на берзите

СН/дв
2 октомври 2020

Веста дека претседатeлот на САД е заразен со коронавирус веќе има мерливи последици: азиските берзи паѓаат, цената на нафтата паѓа. Желби за брзо оздравување на Трамп и на неговата сопруга пристигнуваат од целиот свет.

https://p.dw.com/p/3jKNH
USA Washington Donald Trump und Melania
Фотографија: Carlos Barria/Reuters

По објавата дека Доналд и Меланија Трамп имаат Ковид-19 тие примаат пораки за брзо заздравување од сите страни на САД и на светот. 

„Им ги испраќам сите најдобри желби на Доналд и на Меланија Трамп“, напиша на Твитер портпаролот на германската влада Штефен Зајберт во име на канцеларката Ангела Меркел.

 „Се надевам дека добро ќе ја поминете вашата инфекција со коронавирусот и наскоро ќе бидете повторно здрави“, ја цитираше Зајберт, канцеларката Меркел.

EU-Sondergipfel | Angela Merkel
Фотографија: Francisco Seco/Reuters

И рускиот претседател Владимир Путин во телеграма  му посака „брзо опоравување“ и му искажа „искрена подршка“ на американскиот претседател Доналд Трамп.

Брзо опоравување на Трамп и на првата дама, Меланија Трамп, им посака и британскиот премиер Борис Џонсон. „Најубави желби до претседателот Трамп и првата дама... Се надевам дека двајцата брзо ќе се опорават од коронавирусот“, напиша на Твитер шефот на британската влада, кој во април го прележа Ковид-19.И претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел му посака „брзо опоравување“ на американскиот претседател. „Ковид -19 е битка која сите и натаму мораме да ја водиме. Секојдневно. Без разлика каде живееме“, порача преку Твитер Мишел, вториот ден на европскиот самит.

Желби за брзо опоравување на претседателот на САД и на неговата сопруга им посака и шефот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Адхан Гебрејесус. „Најубави желби до @realDonaldTrump и @FLOTUS за целосно и брзо опоравување“, наведе на Твитер, Гебрејесус. 

Трамп претходно постојано ја критикуваше СЗО поради начинот на кој управуваше со пандемијата на коронавирусот.

Повеќе:

-САД и официјално излегуваат од СЗО

-САД ги стопираат уплатите за СЗО

-Светската здравствена организација во кризен модус

Лекарот во Белата куќа Шон Конли издаде соопштение во кое се потврдува дека претседателот на САД е позитивен на коронавирусот, како и оти ќе продолжи да ги извршува своите должности. Трамп синоќа за телевизијата Фокс њуз потврди дека неговата блиска соработничка Хоуп Хикс е позитивна на Ковид-19.Хикс патувала со Трамп во авионот на летот за Кливленд, каде беше одржана првата претседателска дебата во вторникот. Таа со претседателот, исто така, патувала и во средата, на предизборниот митинг во Минесота.

Веста дека американскиот претседател е заразен со коронавирус веќе има мерливи последици: азиските берзи паѓаат, цената на нафтата паѓа. Аналитичарите стравуваат дека сето ова ќе има влијание врз кампањата за претседателските избори во САД кои се одржуваат за еден месец.