1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудство

Трамп бара смртни казни за дилерите со дрога

ЖА / агенции
19 март 2018

Американскиот претседател се залага за смртна казна за трговците со дрога како дел од својот план за сузбивање на зависноста од опијати, за што ќе побара поддршка од Конгресот.

https://p.dw.com/p/2uZmw
Symbolbild Waffen, Geld und Drogen
Фотографија: Colourbox/R. Carner

Доналд Трамп најави план за борба против растечката зависност од дроги во САД. Според неговиот соработник, Ендрју Бремберг, советник за внатрешна политика, планот предвидува и смртни казни за дилерите со дроги. Министерството за правда би побарало смртна казна во случаи каде е тоа соодветно, изјави тој без да прецизира детали.

Телевизијата СиЕнЕН, повикувајќи се на официјални  извори, јавува дека смртна казна се разгледува кај тешки деликти поврзани со наркотици.

Бремберг најави дека се очекува бројот на издадени рецепти за лекови против болки врз база на опијати во следните три години да се намали за една третина. Освен тоа, Трамп има за цел осудуваните дилери да бидат казнувани и кога се фатени и со помали количини дрога кај себе, а треба да биде зајакната и превентивата и едукацијата на населението. Претседателот денеска ќе го претстави својот план во сојузната држава Њу Хемпшир, која е посебно погодена од кризата со користење дроги.

Symbolbild Kokain
Драстичен раст на конзументи на дрога во САДФотографија: picture-alliance/dpa/Manzoni/Fotogramma

Во САД во изминатите години е регистрирано рапидно зголемување на смртни случаи предизвикани од медикаменти против болки и хероин, што во јавноста се нарекува криза со опијати. Центрите за контрола на зависностите во овој контекст во 2016. година констатирале околу 42.250 жртви на дрога, што е рекордна бројка и пораст од 47 проценти за две години. Во октомври, поради кризата со наркотици,  американскиот претседател прогласи национална вонредна состојба од здравствени причини.  

Трамп уште на почетокот на месецот на еден собир во Пенсилванија се заложи за смртни казни за трговците со дроги. Неговата аргуменатција: ако некој усмрти еден човек, добива егзекутивна казна, а секој одделен дилер на дрога може да биде одговорен за илјадници смртни случаи и ништо да не му се случи.

Бројни американски политичари за кризата со наркотици ги обвинуваат фармацевтските концерни, меѓу другото и поради  заведувачките реклами и минимизирањето на ризиците од аналгетиците. Во средата Јужна Дакота беше 16-та држава по ред која поднесе тужба против повеќе концерни, меѓу кои и фирма-ќерка на Џонсон и Џонсон. Овој концерн ги отфри обвинувањата.

Читајте нѐ и преку апликацијата на ДВ за андроид