1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Традиционална храна и локални производи

Ане-Софи Брендлин
9 јануари 2020

Во руралните региони на Мексико традиционалната кујна сѐ уште е составен дел од животот. Но, до кога? Луѓето во Чиапас се борат да ги зачуваат своите традиции.

https://p.dw.com/p/3VvuZ
Globals Ideas: Gerichte für mexikanisches Kochbuch
Фотографија: DW/K. Döhne

Жените во Чиапас сѐ уште секој оброк го подготвуваат сами. Готват секојдневно, сеедно дали имаат 30 или 90 години. Тие користат само локални производи и се грижат семејствата да имаат балансирана и здрава исхрана. Но, нивната традиција е загрозена.

„Уживам да готвам“

Дел од локалната храна и од традиционалните земјоделски методи почнуваат да исчезнуваат. Загрозен е биодиверзитетот во регионот. Кевин Алан Фарера Енрике од невладината организација ДАИ објаснува:

„Во околинава, на пример, црната, црвената и шарената пченка почнаа да исчезнуваат. Веќе не виреат толку многу. Сакаме да ги оживееме повторно овие видови пченка и да ги реинтегрираме во земјоделството.“

Невладината организација ДАИ ги охрабрува земјоделците да одгледуваат локални сорти растенија, а не да купуваат индустриски произведени семиња. Пченката ја култивирале индигените народи во Мексико пред илјадници години. Тоа е традиција која ДАИ сака да ја зачува за и во иднина да има разноликост на видови на пченка.

Globals Ideas: Gerichte für mexikanisches Kochbuch
Фотографија: DW/K. Döhne

Тие ги охрабрија мештанките да направат своја книга за готвење, со рецепти базирани врз локални производи. Секоја од жените требаше да го даде својот омилен рецепт, опишувајќи точно кој локален производ го користи.

Globals Ideas: Gerichte für mexikanisches Kochbuch
Фотографија: DW/K. Döhne

Книгата за готвење се делеше бесплатно во регионот и може да се најде и онлајн.