1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тешкиот пад на прочуениот менаџер Госн

СН/ агенции
20 ноември 2018

Угледот на долго славениот автомобилски менаџер доживеа страшен удар. Шефот на групацијата Рено-Нисан, Карлос Госн е уапсен во Јапонија под сомневање за проневера на пари на компанијата и затајување данок.

https://p.dw.com/p/38Zvb
Carlos Ghosn
Фотографија: picture-alliance/AP Images/T. Suzuki

Првиот човек на производителот на автомобили Нисан, Карлос Госн, е задржан во притвор под сомневање дека затајувал данок.

Како што соопшти обвинителството, 64-годишниот Госн во пет наврати го намалил пријавениот износ на заработка од 2011 до 2015 година. Тој на даночната служба во тој период пријавил сума од 4,9 милијарди јени (околу 37 милиони евра), иако заработил 10 милијарди јени.

Властите го товарат Госн и оти имотот на компанијата го користел во лични цели.

Renault Selbstfahrendes Auto Carlos Ghosn
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/T. Chea

Нисан најави дека Госн ќе биде отпуштен откако со интерна истрага се востанови оти проневерил средства на концернот, затајувал данок и дека „се однесувал несоодветно“. Јапонската компанија ја најави неговата смена. Слични најави пристигнуваат и од францускиот автомобилски производител Рено. Групацијата Нисан-Рено-Мицубиши е меѓу најголемите партнерства во автомобилската индустрија во светот, со околу 10 милиони продадени возила на годишно ниво.

Пред да работи во Рено, Карлос Госн работел за Мишелин во Северна Америка. На Госн му се припишува заслугата дека довел до исклучителен промет во Нисан во претходните две децении, спасувајќи ја компанијата од банкрот откако таму е испратен од Рено.

Carlos Ghosn CEO  Renault
Фотографија: picture alliance/AP Images

Тој беше директор во Нисан од 2011 до април 2017 година, бидејќи беше раководител во Рено во 2005 година, па истовремено водеше две компании. Во 2016 година стана и претседател на Мицубиши.

Во претходните две децении имаше необично истакнато место во Јапонија каде и натаму ретко има странци на раководните позиции во големите компании.