1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Тешка авионска несреќа во Русија

СН/ агенции
6 мај 2019

Драматични сцени на московскиот аеродром Шереметјево: Авион од типот „Суперџет-100“ на руската компанија Аерофлот се запали при слетувањето. Повеќе од 40 луѓе загинаа во несреќата.

https://p.dw.com/p/3HyvR
Russland l Brennendes Flugzeug von Aeroflot muss in Moskau notlanden
Фотографија: Reuters/N. Polomoshnova

Во авионската несреќа која се случи вна московскиот аеродром Шереметјево загинаа 41 лице, соопшти рускиот истражен комитет. „Загинаа 41 лице“, наведе претставничката на истражниот комитет задолжен за транспорт, Јелена Марковска.

Претходно беше соопштено дека во несреќата која беше предизвикана од пожар при слетувањето на авионот „Суперџет-100“ загинале 13 лица.

Руската новинска агенција Интерфакс пренесува оти авионот кој полетал од аеродромот Шеремјетево за Минск, набрзо по полетувањето загубил врска со центарот за врски поради удар од гром и откажување на автоматскиот систем за управување.

Агенцијата наведува дека авионот слетал на аеродромот Шереметјево со зголемена маса, на средина на пистата, кога е оштетен средниот дел од авионот, и оти делови од авионот најверојатно влегле во моторот, поради што избувнал пожар.

Russland, Moskau: Flugzeubrand mit Notlandung
Фотографија: Getty Images/AFP/V. Marchukaites

Интерфакс, повикувајќи се на информирани извори, наведе дека основна причина за смртта на патниците во задниот дел на авионот кој се запали бил обидот на некои од патниците при процесот на евакуација да го земат својот багаж.

„Според прелиминарните податоци, од разговор со очевидците следи дека, кога авионот удрил на земја и се запалил, некои од патниците во паника почнале да ги вадат своите работи од полиците. Тоа ја отежнало евакуацијата на луѓето од задниот дел на авионот и тие загинаа во пожарот“, навел овој извор.

Официјалниот претставник на Аерофлот, Максим Фетисов, изјави дека евакуацијата на патниците од авионот траела 55 секунди, а оти нормативата за екстремни ситуации е 90 секунди.