Осум лица се убиени, а 11 се повредени кога напаѓач со пикап возило влетал на велосипедска патека и удрил во велосипедисти и пешаци. Инцидентот е квалификуван како терористички напад. Напаѓачот бил ранет и уапсен од полицијата. Се верува дека станува збор за државјанин на Узбекистан со живеалиште во градот Тампа на Флорида.