1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Роботска офанзива во Волмарт

Сабрина Кеслер
28 мај 2019

Во американскиот ланец на супермаркети Волмарт се повеќе активности ќе извршуваат роботи. Тие треба да придонесат кон намалување на трошоците на компанијата, но ќе резултираат и во отпуштања на работници.

https://p.dw.com/p/3JCso
Walmart Autonomer Roboter-Scanner
Фотографија: Walmart Inc.

За Елизабет Вокер ова е почеток на прекрасно пријателство. "Секој херој има потреба од помошник," напиша бренд менаџерот кога на почетокот на април најави дека нејзиниот работодавач Волмарт во иднина се повеќе ќе се потпира на роботи. Човек и машина, се како Лук Скајвокер и Р2Д2, главните ликови во познатата трилогија „Стар Ворс". „Вистинската форма на поддршка им помага на нашите соработници да бидат успешни во својата работа."

Ланецот американски супермаркети Волмарт е една од првите компании која офанзивно воведува автоматизирани услуги во малопродажбата. Веќе неколку недели тие тестираат различни видови на роботи дизајнирани да им помогнат на вработените. Во текот на работното време тивките асистенти се движат низ коридорите, ги скенираат рафтовите, го чистат подот и јавуваат ако некој продукт на пример ставен на погрешна полица. "Не се работи за имагинарен свет", вели Вокер, „туку за тоа да им се заштедат време и пари на купувачите."

Проект вреден две милијарди долари

Автоматизирани помагачи се најновиот адут на Волмарт за да преживее во борбата против онлајн хендлерите како Амазон и Алибаба. Овој гигант има 11.000 продавници низ светот од кои половина се во САД. 90% од Американците живеат на најмногу 10 километри оддалеченост од најблискиот Волмарт и токму тоа долго време беше клучната предност пред интернет конкуренцијата. Но, во последно време се повеќе луѓе купуваат онлајн, а оперативните трошоци за супермаркетите кои се во просек распослани на 17.000 метри квадратни тешко може да се рефинансираат поради што Волмарт е принуден на автоматизирана револуција.

Walmart Autonomer Reinigungsroboter
Подготовка - чистење на „помошникот“Фотографија: Walmart Inc.

Компанијата минатата година инвестираше две милијарди долари за да ги направи своите маркети поефикасни и попривлечни за купувачите. Голем дел од парите беа наменети за автоматизација со кој треба да се оптимизира работата во филијалите. Околу 4000 роботи кои во моментов се распределени во американските филијали, работат двојно побрзо отколку нивните човечки колеги, а во некои случаи се и побрзи: на пример роботите прават попис за два и пол часа, за што на вработените во просек им требаат две недели. Чистачи сега се потребни само за тешко достапни места. Тие помагаат и при истовар на стоката од камион. Сега наместо осум за истовар на роба се потребни само четворица и тоа е добро, аргументираат од Волмарт. Конечно пред се се работи за тоа вработените да се ослободат од здодевните и монотони активности. "Овој чекор кон иднината е пред се чекор во насока на позадоволни соработници," вели бренд менаџерот Вокер.

Синдикатите го вкучија алармот

За синдикатите оваа аргументација е чисто исмејуваење. И во минатото овие организации ја критикуваа компанијата која поради ниски плати, саботирање на претставниците на синдикатите, сомнително пресметување на боледувања како и зголемен број на работници кои работат скратено работно време е често на насловните страни.

Повеќе: 

Човекот и роботот како колеги

Јапонија: аеродромски роботи

"Немојте да бидете измамени", предупредија од синдикатите уште минатиот декември. „На Волмарт не му е целта да ги направи вработените или купувачите посреќни." До 5000 работни места може да отпаднат со процесот на автоматизација во Волмарт, пресмета УФЦВ. Роботите се вистински „убијци на работни места" и не се гаранција за квалитет. Зголемениот број на вработени со половина работно време се причина работниците да работат се повеќе за да си ги задржат позициите, предупредува Андреа Делендорф, ко-директор на Организацијата "Обединети за достоинство“ во Волмарт. "Ниту еден човек со кој зборував не кажа дека неговата работа сега е полесна."

Walmart Autonomer Reinigungsroboter
Помош на вработените или нивно истиснување - роботи во ВалмартФотографија: Walmart Inc.

Мајкр Дастуг, дел од финансискиот менџмент во Волмарт, не крие дека ќе има кратење на работни места. „Според нашиот план за развој сигурно дел од работните задачи и места ќе отпаднат," рече тој на една конференција во март. Но, вработените не треба да стравуваат за нивните места, едноставно ќе бидат пренасочени на друга позиција. "Мораме да бидеме пофлексибилни и да научиме како да се адаптираме на промените."

Највозбудливото и неизвесно време во трговијата на мало "

Сепак многу вработени стравуваат бидејќи не секој може да биде флексибилен, како што би сакал Волмарт. Особено погодени се вработените со ниски примања, кои ќе бидат и најзасегнати со автоматизацијата. Според податоците на УФЦВ, околу 3,4 милиони луѓе само во САД работат на каса – места кои веќе се намалуваат со воведување на автоматски каси на кои купувачите сами си ги скенираат производите. Обуки и преквалификации се можност за да се диференцираат од роботите. Но, не секој има талент да напредува и да стаса до Силиконската долина, аргументирата од УФЦВ.

Експерти како Стерлинг Хокингс во офанзивата на Волмарт гледаат важен чекор кон иднината. "Ова е највозбудливото и неизвесно време во трговијата на мало во последниве 100 години," вели Хокингс кој е истражувач во Центарот за унапредување на трговија и технологија, дел од магазинот Форбс. За разлика од браншата за логистика или производство, нештата како што се автоматизација, вештачка интелегенција и роботика сега се применуваат и во секојдневната малопродажба. „Конечно технологијата ја достигна точката која им е технички и економски исплатлива на претприемачите," заклучува Хокингс.