1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Трговија

Бродот кој го блокираше Суецкиот канал конечно во Ротердам

Јенс Јенсен
29 јули 2021

Патување со пречки - она што го направи бродот „Евер Гивен“ познат во светот, ги чинеше многу пари неговите сопственици. Сега, конечно, бродот е на растовар во Холандија.

https://p.dw.com/p/3yFIm
Rotterdam, Niederlande | Ankunft des Containerschiffs Ever Given
Фотографија: Remko de Waal/ANP/picture alliance

По повеќе од 4 месеци по блокадата на Суецкиот канал, огромниот транспортен брод „Евер Гивен“ конечно се вкотви во пристаништето во Ротердам. „Ова е посебен момент“, изјави шефот на пристаништето Ханс Нагтегал за агенцијата АФП. „Конечно можеме да почнеме со растовар.“

„Евер Гивен“ го блокираше Суецкиот канал шест дена во текот на март годинава. Тој поради песочна бура заринкал во брегот и се препречи среде каналот. Зад него со денови се зголемуваше редицата бродови кои чекаа да го минат каналот.

Ägypten | Schiff Ever Given im Suez Kanal
Шест дена блокада: „Евер Гивен“ во Суецкиот каналФотографија: Maxar Technologies/AP/picture alliance

Откако конечно беше „ослободен“, бродот не смееше да продолжи со патувањето. Имено, управата на Суецкиот канал нареди запленување и паралелно преговараше за плаќање отштета. На почетокот на јули е постигната согласност со јапонскиот сопственик на бродот Шоеи Кисен Каиша. Египет бараше 464 милиони евра. Не е соопштено колку пари доби на крајот.

Повеќе: Последиците од блокадата на Суецкиот канал долго ќе се чувствуваат

„Евер Гивен“ ќе остане во Ротердам до понеделник, соопшти Нагтегал. Потоа го продолжува патот за Феликстон, Велика Британија.