1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Стопирано одгледувањето на канабис во Германија

Николас Мартин
21 април 2018

Првиот медицински канабис одгледан во Германија требаше да се бере веќе во 2019 година. Но државниот тендер засега е запрен. Голем удар за некои компании и многу пациенти.

https://p.dw.com/p/2vCuh
Cannabis - illegaler Anbau - Symbolbild
Фотографија: picture alliance/dpa/O. Berg

За Хендрик Кноп во игра се многу работи. Една година, шефот на Нувера работеше на државниот тендер за одгледување на канабис и инвестираше многу пари. „Ние сме разочарани, бидејќи излезе дека сме работеле во празно и за ништо.“

Сенатот на покраинскиот суд во Диселдорф неодамна го стопирше тендерот за одгледување и првична испорака на околу 6,6 тони канабис. Со тоа му се забрани на Институтот за лекови и медицински продукти да склучи тендерски договор.

Проектираното прозводство веќе не може да се достигне

Судиите со ова ја усвоија тужбата на тужителот. Тој се жалеше дека времето за подобрување на понудата е прекратко. „Тажно е што тендерот падна на една ваква формалност“, вели Кноп.

За институтот оваа пресуда е сериозен неуспех. Тендерот е објавен уште пред една година. Речиси 120 компании се пријавија, а десет од нив беа повикани да достават конечна понуда. Првата берба во име на државата беше планирана за 2019 година.

Hendrik Knopp - Deutschland-Chef von Nuuvera
Хендрик КнопФотографија: DW/N. Martin

Овие цели веќе не може да се достигнат, одговараат од Институтот на прашање на Дојче Веле. Сега ќе се преиспитува одлуката на Сенатот и на крај ќе се донесе потребното решение, „за во најкраток можен рок да се започне со нова тендерска процедура".

„Во случај на нова тендерска процедура тоа ќе значи дека ќе помине уште една година“, коментира 47 годишниот Кноп. Одлуката веќе беше потпишана за време на судењето. Притоа, судијката апелираше до Сенатот предвид да се земат потребите на пациентите.

Повеќе:  Промена на свеста за канабисот во Македонија

Зголемена побарувачка и кнап дистрибуција

Од март 2017 година здравствените каси под специјални предуслови ги преземаа трошоците за медицински канабис кај тешко болни лица. Бројките се зголемуваат од квартал во квартал, информираат од Комората на аптекари во Германија. Официјални бројки засега нема. Според неофицијалните проценки, тие варираат меѓу 12.000 и 30.000 пациенти. Со тоа побарувачката е далеку над очекувањата на германската влада: со одлуката за законско воведување на канабис како медицинско средство пред една година беше проценето дека ќе го користат 700 пациенти годишно.

Досега побарувачката се задоволуваше со увоз од Холандија, а во последно време и од Канада. Но, пациентите во аптеките во минатото постојано се жалеа на проблеми во однос на испораката. Одгледувањето на медицински канабис во Германија требаше да го реши овој проблем со испораката. „Всушност пациентите се најголемиот губитник од оваа пресуда", коментира Кноп.

Cannabis auf Rezept
Од март 2017 година здравствените каси под специјални предуслови ги преземаа трошоците за медицински канабис кај тешко болни лицaФотографија: picture alliance/dpa/S. Pförtner

Престиж и многу пари

Претрприемачите возат во две насоки. Така Нуевера во моментов гради магацин за складирање наркотици во Германија. Таму наскоро треба да се складира канадскиот канабис и оттаму да им се дистрибуира на аптеките. Нувера од неодамна е купена од канадска фирма, која според нивните податоци во моментов веќе обезбедува медицински канабис за 40.000 пациенти. Само во Канада и САД, во овој релативно нов пазар има многу пари. Така на пример, компаниите кои во САД продавале медицински канабис, во 2017 година оствариле добивка од речиси 8 милијарди долари.

Германија е далеку од вакви обрти. Сепак, тоа е првата земја во Европа која распиша тендер за одгледување канабис. „Тоа е еден ветувачки проект“, вели Кноп. „Секој кој ќе успее овде може да покаже дека може да произведе производ со висок квалитет – се работи за престиж."

Колку е тоа тешко, покажа и пресудата од Вишиот покраински суд. За сите фирми кои не влегоа во финалниот избор, ова значи дека вратите им се потворно отворени. За Хенрик Кноп, кој има компанијата која работи со канабис, тоа значи повторно да се пополнува проектна документација и да се бараат стручни мислења. „Во случај да мора, тогаш секако дека повторно ќе се пријавиме. Се надевам дека целава прелиминарна процедура низ која поминавме ќе ни даде добра стартна позиција.“