Српските радикали го попречуваа говорот на Могерини
3 март 2017Реклама
Поради повеќеминутното скандирање Високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини не можеше да дојде до збор.
Покрај скандирањето на српските радикални, протест против гостинот од Брисел изразија и пратениците на Двери, кои носеа транспаренти со натпис „Србија не му верува на Брисел“.
Пратеникот на Лигата на социјалдемократи на Војводина, Ненад Чанак, по седницата оцени дека се видело оти претседателската кампања во Србија е веќе почната и дека од седницата сите им испраќале пораки на своите избирачи. Според него, претседателката на парламентот Маја Гојковиќ морала да одржи ред на седницата и да им овозможи на пратениците да ја слушнат Федерика Могерини, а радикалите морале да бидат отстранети од салата.