1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Спорт

Сребрен медал во теквондо за С. Македонија

ДТЗ
27 јули 2021

Дејан Георгиевски стана најуспешниот македонски спортист на Олимписките игри по 21 година.

https://p.dw.com/p/3y8Zd
Olympia Tokio 2020 l Taekwondo - Dejan Georgievski, Nord-Mazedonien, zieht ins Finale ein
Фотографија: Maja Hitij/Getty Images

Дејан Георгиевски го освои сребрениот медал во теквондо, во категорија над 80 килограми, на Олимписките игри во Токио, откако во финалето загуби од Русинот, Владислав Ларин, најдобро рангираниот натпреварувач на турнирот.

Иако не стигна до златото, сребрениот медал за Георгиевски е голем успех. Тој го освојува првиот медал на Олимписки игри за Северна Македонија по пауза од 21 година. На тој начин, Георгиевски стана најуспешниот македонски спортист на Олимписките игри надминувајќи го постигнувањето на борачот Могамед  Ибрагимов кој пред 21 година во Сиднеј стигна до бронзата. 

На патот до финалето, Георгиевски денеска ги совлада актуелниот светски првак Рафаел Јуниер Алба Кастилјо од Куба со 11:8, репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска, Сајду Гбане, со 9:4 и Кјо Дон Ин од Јужна Кореја со 12:6.

Државниот врв му честиташе на победата. „Сребрениот вреден како злато. Дејан, ти си нашиот олимписки херој. Твојот успех е историски за С. Македонија“, порача претседателот Стево Пендаровски.