Уште осум лица загинале денеска во тековните протести против воениот удар во Мјанмар. Безбедносните сили овојпат отвориле оган врз демонстрантите во градот Аунгбан. Повеќе од 230 лица загинаа досега во протестите против воениот удар на 1 февруари. И покрај сè пожестоките реакции на безбедносните сили, луѓето и натаму излегуваат на улиците... и со песна му се спротиставуваат на пучот.