1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Човекови праваГлобално

Со кукли играчки против расизмот

СН/дв
11 август 2020

Повеќето кукли играчки на светскиот пазар се бели. Ова е дел од структурниот расизам, критикува Дејвид Амоатенг. Основачот на компанијата за кукли играчки „Малата Аше“ сака да се погрижи секое дете на планетата да има кукла со своја боја на кожата.

https://p.dw.com/p/3gOPq

Куклите се богатство за многу деца. Но, речиси 95 отсто од куклите кои се продаваaт низ целиот свет се бели. Германско-ганската компанија „Малата Аше“ сака да ја промени оваа статистика.

Во градот Винеба, на околу два часа оддалеченост од главниот град на Гана, Акра, Гедеон Бах прави кукли со различни нијанси на боја на кожата. Куклите помагаат да ги научат децата за различностите.
„Латиноамериканци, Африканци, сите сме еднакви. И тоа е мотивот за производство на куклите. Нема супериорност или инфериорност во светот. Сите се еднакви и сите ние го имаме тој менталитет во нас и го правиме овој свет подобро место за живеење, за сите нас“, вели Гидеон Бах, ко-основач на „Малата Аше“.

Откако куклите ќе ја поминат проверката за квалитет, Гидеон ги испраќа во Германија кај основачот на компанијата, Дејвид Амоатенг.

Давид пораснал во Хамбург, но татко му е од Гана. Тој се сеќава дека другите деца го задевале уште во градинка.
Неговите искуства од детството го инспирирале Дејвид да ја создаде „Малата Аше“.

Повеќе:

-Пораст на расизмот во Германија

-Расизам: Ни Европа не е невина

-САД и расизмот: Помалку пари за полицијата?

Тој сакал децата со потемна боја на кожата да имаат свои кукли играчки со кои ќе можат да се идентификуваат и да научат да се сакаат себеси и своите корени. Но, белите кукли сè уште можат многу полесно да се најдат во продавниците.
„Ова е дел од структурниот расизам дека сите кукли се бели, и да се биде бел е норма и стандард“, вели Дејвид Амоатенг.
Дејвид ги продава куклите во Хамбург и на интернет. Тој сега има среќни клиенти низ целиот свет.

#dw_BalkanBooster: Балканот и расизмот

За децата играњето со куклите засега е само забава. Но, за мајките како Фаустина Ману, тоа е емотивен момент. 
„Ако белите деца играат со црни кукли, ќе видат дека црното е исто така важно. Така што сите сме еднакви. Тие можат да играат со црната кукла на училиште и насекаде и ќе знаат дека црната е исто така важна и оти сите сме еднакви“, вели Фаустина.
Но, Дејвид и Гидеон се сигурни: Нивните кукли можат да помогнат во борбата со расизмот во самиот корен- за подобра иднина за деца од сите бои на кожата.