1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Со здравството нема веќе играње!

10 септември 2009

Американскиот претседател Барак Обама се бори за својата здравствена реформа. Со говор полн со емоции тој се обрати на Конгресот: Времето на играчки во реформата на здравството е поминато!

https://p.dw.com/p/JZDC
Барак Обама во КонгресотФотографија: AP

По нашиот колективен неуспех во напорите за реформа во изминатите неколку децении, сега дојде решавачкиот час во американската историја, потенцираше американскиот претседател Барак Обама во синоќешниот говор пред двата дома на Конгресот во Вашингтон. „Здравствената реформа мора да биде усвоена уште оваа година. Јас не сум првиот претседател кој се зафаќа со оваа тема, но сум решен да бидам последниот“, потенцираше Обама во едночасовниот говор.

Gesundheitswesen in den USA Meltdown Krankenhaus
Обама бара да се работи и натаму на компромис за реформата на здравствотоФотографија: AP

Времето на игри помина, сега е време за акција, гласи слоганот на американскиот претседател.

Никој не смее да банкротира затоа што се разболел

Тој сака во наредните недели да се работи и натаму на компромис, а истовремено остро ја критикуваше политичката дебата за реформата. Некои во минатите месеци сакаа со тактика на страв и идеолошки насочена полемика да спречат суштинска и искрена дебата. Противниците на реформата ширеа лаги поради цинични калкулации. Резултатот е - голема конфузија. Обама потенцираше дека САД се единствената демократија во светот во која граѓаните имаат толку проблеми со здравствената заштита. Во иднина, ниеден американски граѓанин не смее да банкротира поради тоа што се разболел.

Обама невообичаено се реши на настап во време кога телевизиската програма е најгледана, за да предизвика пробив за здравствената реформа. Таа претставува негов најважен внатрешнополитички проект. Заради тоа, неговиот синоќешен говор се смета веројатно за еден од најважните во времето на неговата функција.

USA Gesundheit Kongress
Републиканците ја отфрлаат реформатаФотографија: AP

Републиканците предупредуваат дека реформата значи поголем трошок за државата

Обама и Демократската партија сакаат 47-те милиони неосигурани Американци да ги внесат во здравствениот систем. Освен тоа, тој треба да придонесе за намалување на експлодирачкиот раст на трошоците во здравстената област.

Републиканците ја отфрлаат реформата со образложение дека таа ќе предизвика преголеми трошоци за државата. Тие предупредуваат да не се прави конкуренција на приватното здравство со државно, зашто тоа со време може да води кон целосно подржавување на здравството.

Автор: ЖА/СН/афп/ап/дв

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска