Со 10 филмови на пат околу светот
По недели забрана на патувањата, многумина се во исчекување на најавените ублажувања. Сепак и со нив долго нема да биде како пред корона-кризата. Одбравме 10 филмови кои не водат на некои сега недостапни дестинации...
Дивина (Wild), Жан-Марк Вале (2014)
Екранизацијата на бестселерот на Шерил Стејд буди желба едноставно да се грабнеме ранецот и да се тргне. Пацифик Крест Трејл важи за една од највозбудливите планинарски рути во САД. Филмот ја прикажува фасцинантната приказна на писателката, која решила да планинари сама 1.600 километри долж американскиот западниот брег.
Лоренс од Арабија, Дејвид Лин (1962)
Овој филм ја претвора пустината во место кое треба да се види. Сниман е во пустините во Мароко, Јордан (на сликата) и во Шпанија. Британскиот офицер Т.Е. Лоренс со одважна опседнатост јава низ песок, песок и повторно песок, кон зажарената сончева топка - и сето тоа во техниколор и супер-панвизија-70. Тешко да се издржи а толку убаво.
Винету, Харалд Рајнл (1963-1965)
Фантастични пејсажи ја красат позадината во авантурите на Винету и Олд Шетерхенд. Најголемиот дел од филмовите за Винету, екранизирани по романите на Карл Мај, се снимани во Хрватска и тоа во околината на познатите Плитвички езера. Овој национален парк, неговите водопади и езера можат да се запознаат низ прошетка по планинарските патеки и со возење на брод.
Џејмс Бонд 007- Тандербол, Теренс Јанг (1965)
Кога Џејмс Бонд на егзоточни дестинации го спасуваше светот, секогаш бев присутен. Еден од моите омилени филмови за Бонд е „Thunderball“ од 1965. Тогаш Шон Конери во улога на тајниот агент од Лондон мораше да патува во главниот град на Бахами- Насау (на сликата). Конери во улога на Џејмс Бонд повторно се појави во „Никогаш не вели никогаш“ во 1983 година, што е и еден вид римејк на „Тандербол“.
Бест Егзотик Мариголд Хотел, Џон Маден (2011)
Градот Џајпур е прекрасна кулиса за овој филм. Оваа британска комедија води во шарениот, хаотичен и витален живот во Индија, нејзините пазари и раскошните палати.
Рафики, Вантури Кахиу (2018)
Во филмот Рафики станува збор за забранета љубов меѓу две жени во Кенија. Местото каде што се одвива дејствието на филмот е живописниот и динамичен главен градНајроби.
Срце од мастило , Ијан Софтли (2008)
„Срце од мастило“ е прв дел од триологијата на фантастичниот роман на германската писателка Корнелија Функе, објавен 2003 година. Филмот е сниман во италијанските покраини Пиемонт и Лигурија. Сликите од филмот веднаш будат желба да се отпатува таму.
Еден, два, три, Били Вајлдер (1961)
Сатирата за источно-западниот конфликт е фасцинантно временско патување во Берлин. Филмската екипа за време на снимањето во август 1962 година била изненадена од изградбата на Берлинскиот ѕид. Затоа морало да биде направена копија на Бранденбушката капија во студио. Филмот реалноста на Студената војна ја претставува хумуристично и тоа го прави да изгледа цинично.
Изубени во преводот, Софија Копола (2003)
Две непознати лица се среќаваат во за нив непознатиот град Токио и започнуваат платонска врска. Јапонскиот главен град во овој филм ја игра третата главна улога. Флуросцентни светла, футуристички згради, будистички храмови - град меѓу традицијата и модерното. Преубавата драма на Софија Копола буди желба за патување во јапонската метропола.
Блејд Ранер, Ридли Скот (1982)
Научно-фантастичен филм како вестерн. Град во иднината, каде речиси секогаш паѓа дожд, кој секогаш со своите урбани пејсажи и внатрешност е визионерски. „Видов работи во кои никогаш нема да верувате.“ Тоа е репликата во последната фасцинантна сцена која ја изговара Рутгер Хауер, кој раскажува за своите патувања низ вселената. Тој зборува за копнежот за поместување на граници.