Фотографија на денот: Под мраз
11 февруари 2021Реклама
Прекрасната #ФотографијаНаДенот ја прикажува поубавата страна на зимата овој февруари во Германија. Земјата, меѓутоа, и натаму се бори со студот и снегот. Освен проблемите на патиштата, деновиве во Нирнберг и Јена повеќе илјади домаќинства имаа и проблем со греењето поради хаварии на централи и на систем за довод на топлина, па дел од нив беа пренесени во сместувалишта за ургентни случаи. Според метеоролозите, изминатата ноќ била најстудената годинава - најниската измерена температура е минус 26,7 степени Целзиусови.