Снежниот хаос во Германија трае
9 февруари 2021Екстремните временски услови со огромни наноси снег парализираа делови од Германија. На автопатот А2 кај Билефелд стотици луѓе ја минаа ноќта во своите возила. Автопатот извесно време беше затворен во двата правци, па околу Билефелд изутринава имаше колони долги 70 километри. Огромен застој во сообраќајот имаше и на други автопати, како А4.
Германската железница денеска зборува за „екстремно невреме“, поради кое во голем дел од земјата има доцнење на возовите или целосен застој на железничкиот сообраќај. Екипите работат забрзано на расчистување на шините, особено на главните сообраќајни релации, но работата оди тешко поради големите наноси снег и мразот. Сојузниот министер за сообраќај Андреас Шојер апелираше до граѓаните да се откажат од патување, барем до среда.
Химанитарните организации во меѓувреме го зајакнуваат својот ангажман за бездомниците. Во Хановер од вчеравечер повторно сообраќа т.н. „Автобус во време на студ“ на Јоханитер, кој ги снабдува бездомниците со топол оброк и пијалоци. Франкфурт, пак, уште на викендот го продолжи работното време на преноќевалиштето во една од подземните станици на железницата.