1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Криминал

Смртоносна пукотница во Париз

СН/агенции
12 април 2021

Непознато лице отворило оган во близина на болница во главниот град на Франција. Еден маж е убиен, една жена е тешко ранета. Во моментов нема говор за терористички акт.

https://p.dw.com/p/3rtaX
Frankreich Schießerei vor Krankenhaus in Paris
Фотографија: Anne-Christine Poujoulat/Getty Images/AFP

Злосторството се случи пред клиниката Анри Данан на Црвениот крст во 16-тииот париски арондисман во Париз. Француската болница е специјализирана за лекување на стари лица; во моментов има и центар за вакцинација против коронавирусот..

Според првичните информации од полицијата и противпожарната служба, еден маж е убиен. Уште една жена, пак е потешко повредена. За неа се вели дека е член на персоналот за безбедност во болницата.

Frankreich Schießerei vor Krankenhaus in Paris
Фотографија: Anne-Christine Poujoulat/Getty Images/AFP

Наводниот сторител испукал неколку истрели, се вели натаму во соопштението на полицијата. За него се вели дека побегнал од сцената на пукотницата со моторцикл. 

Пресметка на криминални банди?

„Слушнав тресок и видов човек со качулка кое испука еден куршум и видов друг човек на земја“, изјави за француските медиуми менаџерот на ресторан спроти местото на злосторството.

Повеќе:

-Батаклан: сеќавање на кошмарот

-Крвав напад со нож во центарот на Париз

-„Шарли Ебдо“: Процес што ја допира душата на Франција

Според овој очевидец напаѓачот ја застрелал жртвата од непосредна близина, а потоа се качил на неговиот моторцикл и се оддалечил од местото на злосторството.

Според досегашните сознанија  властите во Париз не се сомневаат во терористичка заднина на злосторството.  Се претпоставува дека станува збор за пресметка на криминални банди.