1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Следниот претседател на САД треба да се ориентира кон Европа

Михаел Книге
8 ноември 2016

Од крвопролевањата во Сирија до агресивното вооружување на С. Кореја - наследникот на Обама го чекаат големи предизвици. Сепак и покрај тоа, експертите велат дека приоритетот на следниот претседател треба да биде Европа.

https://p.dw.com/p/2SKGS
Symbolbild Flaggen Europafahne und US-Flagge
Фотографија: picture-alliance/dpa

Доколку треба да се именува еден геостратегиски потег кој би го доловил осумгодишното владеење на претседателот Барак Обама, тоа најверојатно би било неговото ориентирање кон Азија. И додека стручната јавност сеуште расправа за успешноста на напорите на неговата администрацијата да го врати балансот во однос на Азија и Пацификот, како и за успешноста на некои клучни иницијативи како што е Транспацифичкиот договор за партнерство и трговија, едно е јасно. Време е за свртување кон Европа.

„Европа треба да биде приоритет број еден за новиот претседател затоа што Европа е најважниот и витален стратегиски сојузник кој го има САД", вели Ерика Ченовет, истражувач од областа на меѓународната безбедност на универзитетот во Денвер. „Следниот претседател треба да се посвети на Европа на начин како што не сме виделе од 1990-те години“.

Џејмс Џеј Карафано, експерт за национална безбедност во конзервативната фондација Херитиџ се согласува дека обезбедувањето на мирот и стабилноста во Европа треба да биде клучен интерес за следниот кој ќе управува со Белата куќа.

Awacs Aufklärungsflugzeug
„САД треба да се фокусираат на силно и обединето НАТО“ вели КарафаноФотографија: picture alliance/Photoshot

Рестартирање на трансатланските врски

„Прашање број еден во однос на загриженоста на САД за мирот и безбедноста ќе биде руската надворешна политика кон регионот, независно дали станува збор за енергетика, пропаганда, различни начини на дезинформирање или пак станува збор за Украина или други воени активности или закани кои би можеле да ги спроведат“, вели тој.

Тоа не значи дека рестартирање на врските со Европа е единственото круцијално прашање за САД. Според проценката на експертот, како клучни приоритети се вбројуваат сириската криза и борбата против тероризмот, судбината на договорот за нуклеарната програма на Иран, управување на односите со Кина, борбата против климатските промени и сопирањето на растечкиот национализам.

Иако Карафано и Ченовет не се согласуваат за сите прашања, и двајцата го делат мислењето дека зајакнувањето на врските со Европа треба да биде камен темелник за новиот претседател, не само за доброто на Европа, туку и за заеднички да се решат многу други меѓународни проблеми.

Клучна алатка за рестартирање на трансатланските врски, особено за безбедносната компонента е зацврстено НАТО кое ќе се врати на своите корени, сметаат експертите.

Symbolbild Russland Fallschirmjäger
Експертите велат дека силите на НАТО треба да бидат фокусирани на колективната безбедност на континентотФотографија: Getty Images/AFP/J. Skarzynski

Назад кон корените на НАТО

„САД треба да се фокусираат на обединето НАТО кое ќе биде навистина фокусирано на основната мисија, а тоа е одбрана на трансатланската заедница“, вели Карафано.

„Сметам дека мисиите на НАТО во Либија и на други места беа погрешно водени  и дека НАТО треба да се врати на своите корени, т.е. на договорот за колективна безбедност на континентот“, забележува Ченовет.

Повеќето мисии на Алијансата кои беа изведени надвор од нејзините територии не беа продуктивни и тие се одразија на два начини, вели Ченовет. Прво,тие ја направија Москва нервозна што допринесе Русија одново да ја размисли својата воена поставеност додека во исто време ја одалечи оддалечи НАТО од својата примарната цел - да биде контратежа на Русија во регионот.

Ниту еден од двајцата експерти не сакаше да даде оценка за тоа кој од двајцата кандидати поверојатно би се фокусирал кон Европа.

Сепак, Ченовет на крајот го нуди ова: „Сметам дека Клинтон е подобро позиционирана да ги рестартира односите со Европа делумно поради нејзиното искуство како државен секретар. Но исто така би рекла дека сакам Европа да биде поголем приоритет во платформата за нејзината надворешна политика отколку што е денес“.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи