1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Скопје се гуши, загадувањето алармантно

14 декември 2017

Скопјани утрово се разбудија под дебел слој од магла и смог. Аерозагадувањето достигнува алармантни размери. Надлежните велат дека состојбите не можат да се менуваат преку ноќ.

https://p.dw.com/p/2pMxE
Luftverschmutzung Skopje Mazedonien
Фотографија: DW/K.Delimitov

Загадувањето на воздухот во скопските општини повторно за повеќе од десет пати ги надмина дозволените граници. Утрово на социјалните мрежи граѓаните поставуваа фотографии и видеа од енормната загаденост и бараа решенија од надлежните.

Според градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, загадувањето е резултат на „децениската апсолутна негрижа кон животната средина“. Тој ги наведува масовното сечење на дрвјата, уништувањето на незаштитените подрачја и непланското градење како главни виновници за лошата состојба.

Повеќе на темата: 

Македонија повторно се гуши во канцерогени честички

Што треба да знае Петре Шилегов

Високата загаденост во Македонија убива 

Иако се преземаат краткорочни мерки, Шилегов вели дека не треба да се очекуваат спектакуларни резултати. Долгорочно се планира нов концепт на јавен превоз, сопирање на бесправната урбанизација, забрана за работа на печките во Дрисла во критични денови... Од јануари следната година во училиштата ќе се инсталираат прочистувачи на воздух.

Некои родители организирани преку социјалните мрежи веќе одлучија да не ги испраќаат своите деца на училиште поради загадувањето. Ваквите иницијативи, според Шилегов, се политички мотивирани.

„Моите информации се дека иницијативата е политички мотивирана од ВМРО-ДПМНЕ со цел да се дискредитираат локалната и централната власт во борбата против згададувањето“, тврди Шилегов.

Новата револуција на Гоце и Питу: за чист воздух!

Скопје и други градови во Македонија со години наназад се меѓу најзагадените во Европа и светот. Статистичките податоци велат дека околу 1.300 луѓе умираат годишно во Македонија од последиците од загадениот воздух.