1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

290910 AI Flüchtlingspolitik

1 октомври 2010

Во Германија денеска (01.10) се одбележува Денот на бегалците. Организациите за човекови права имаат низа критики на германската политика кон бегалците.

https://p.dw.com/p/PR09
Бегалците се третирани различноФотографија: AP

Кога борецот за човекови права Гинтер Буркарт од организацијата „Про азил“ мисли на Грција, тогаш веднаш помислува на грешката во конструкцијата на актуелната европска политика за азил.

„Таму се пристигнати околу 70.000 луѓе, кои имаат статус на илегалци. Меѓу нив има голем број Авганистанци, Иранци, Ирачани. Нема систем за прием на овие луѓе, нема систем за нивна заштита. Деца, семејства живеат по парковите. Земјата не може да излезе на крај со проблемот, а Европејците покрај тоа, сакаат да вратат околу 10.000 луѓе кои преку Грција стигнале во Велика Британија, Холандија, Белгија, Германија.“

Pro Asyl Stiftungsvorstand Günter Burkhardt
Гинтер Буркарт од „Про азил“Фотографија: PRO ASYL

Но, Хартфрид Волф, експерт од редовите на германските либерали за права на странците, не би менувал ништо на овој основен принцип според кој постапува ЕУ. Тоа е став кој го застапува и германската влада во преговорите околу ревизија на правото на азил во ЕУ. Сепак, Волф не се сомнева дека во Грција постапката за азил е катастрофална, човечки недостоинствена.

„Ја разгледавме ситуацијата во Грција и имам впечаток дека се потребни корекции кога се работи за основите на постапката за азил во Грција. На пример, има малку преведувачи, или сослушувањата на барателите на азил во Грција не одговараат на нашите стандарди...“

Има делови во реформата на постапката за азил што не се чепкаат

Во декември 2009 година, министрите за внатрешни работи и за правда на ЕУ договорија - до 2012 година да донесат единствен систем за азил. Организациите за човекови права ги поздравија реформските предлози на Европската комисија како чекор во вистинска насока.

Iranische Flüchtlinge in Griechenland
Ирански бегалци во Грција

„Единствено не се чепка основната грешка - дека државата во која бегалецот е пуштен во границте на ЕУ е надлежна за него. Европската комисија знае дека ако тука чепка, нема шанси тоа да помине, зашто Германија, Франција и други блокираат“, вели Гинтер Буркарт од „Про азил“.

Организациите за човекови права, како „Амнести Интернешнл“ и „Про азил“ и‘ префрлаат на германската влада не само за блокирачкиот став при институционалната реформа, туку дека гледа настрана и при еклатантни повреди на човекови права од страна на Италија:

„Италија ги потопува човековите права во Средоземјето, а сите го вртат погледот.“

Барање да запре протерувањето на Ромите

Според „Амнести Интернешнл“ и „Про азил“, повеќе од сомнителен е и односот на Германија кон барателите на азил во самата земја. Организациите бараат подобри права за престој и бараат веднаш да запре протерувањето на ромски семејства во Косово. Договорот за нивно враќање стапи во сила на 1 септември:

Deutschland Demonstration gegen Abschiebung von Sinti und Roma in Essen
Се бара да биде запрено протерувањето на Ромите од Косово кои се во ГерманијаФотографија: AP

„Сега ќе се почне со притисок врз бегалците, ќе се прават обиди за нивно протерување и тоа во се‘ поголем број. Притоа, не се обраќа внимание на тоа дека тие во Косово одат во “ништо“, дека завршуваат на „ѓубриште“ и што на Косово и натаму се дискриминираат припадниците на малцинствата“, нагласува Буркарт.

Автор: Рихард Фукс / Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Жана Ацеска