1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Силен земјотрес во Јапонија

БГ
21 октомври 2016

Нема жртви или повредени во силниот земјотрес кој го погоди западниот дел на Јапонија. Снимките од безбедносните камери ја покажуваат силината на ударот.

https://p.dw.com/p/2RVl2
Erdbeben - Messung
Фотографија: picute-alliance/dpa/P. Steffen

Земјотрес со јачина од 6,6 степени ја погоди западна Јапонија рано утрово. Снимките од безбедносните камери го покажуваат интензитетот и силината на ударот. Според надлежните служби нема повредени во земјотресот, а не е издадено ниту предупредување за можно цунами. Медиумите јавуваат дека околу 40 илјади домаќинства останале без струја во неколку градови. 

Западна Јапонија се тресеше!

Земјотресите се вообичаени во Јапонија, која се наоѓа во еден од најактивните светски сеизмички региони. На 11 март 2011 година, северноисточниот брег беше погоден од земјотрес со јачина од 9 степени, еден од најсилните земјотреси во историјата на Јапонија, кој предизвика огромно цунами. Природната несреќа ја предизвика и една од најголемите нуклеарни хаварии во модерната историја, онаа во Фукушима.