1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сеуште не се знае каде ќе биде погребан Милошевиќ

14 март 2006

Српскиот Окружен суд денеска донесол одлука дека вдовицата на Слободан Милошевиќ,Мира Марковиќ ,нема да биде притворена ако се врати во земјата.Во следните неколку часа таа и нејзиниот син Марко треба да решат дали поранешниот југословенски претседател ќе биде погребан во Белград или во Москва.

https://p.dw.com/p/AcTJ

Со укинувањето на потерницата по Мира Марковиќ се создаваат претпоставки таа да дојде во Белград и да присуствува на погребот,како што бараше Социјалистичката партија на Србија,соопшти нејзиниот потпретседател Милорад Вучелиќ. Но,партијата бара укинување и на кривичната постапка против Марковиќ.

Сеуште не е решено каде ќе биде погребан починатиот бивш југословенски претседател Слободан Милошевиќ:во Белград каде што бара неговата поранешна партија или привремено во Москва, како што најави неговиот син Марко, кој денеска допатува во Холандија да го преземе телото на својот татко.Марко Милошевиќ тврди дека српската Влада одбила дозвола за погреб во татковината ,што противречи на изјавите кои стигнуваат од Белград.

Ненадејната смрт на Милошевиќ и натаму е повод за шпекулации.Еден холандски токсиколог потврди дека во крвта на починатиот биле најдени траги од непрепишан лек,кој го неутрализирал дејството на лекарствата кои ги примал Милошевиќ.Според првичниот извештај од аутопсијата, тој починал од срцев удар.Сега се чека конечниот извештај од анализата на примероци од крвта на починатиот.

Српскиот претседател Борис Тадиќ изјави дека во неговата земја постои проблем со веродостојноста на Трибуналот во Ден Хаг по двата деликатни случаи:

-Не сум задоволен од постапувањето на Трибуналот во овие чувствителни случаи.Пред три недели се случи смртта на Милан Бабиќ,а сега и на Милошевиќ.И тоа по неговоото барање за поголема здравствена грижа.Сега тоа е проблем за сите нас во Србија,изјави Тадиќ.

Судскиот совет на хашкиот трибунал пак утрината и официјално го заврши судскиот процес против Милошевиќ.Претседателот на судот ,судијата Патрик Робинсон изјави:

-„ Жалиме што неговата прерана смрт го лиши него но и останатите од пресуда по наодите на обвинението„рече Робинсон на краткото заседание на судскиот совет на кое присуствуваа учесниците во процесот, меѓу нив и главниот обвинител Карла дел Понте.