1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Филм

Семејна трагедија во Холивуд

СН/ агенции
29 декември 2016

Фабриката на соништата е потресена: кратко по смртта на нејзината прочуена ќерка Кери Фишер, почина и актерката Деби Рејнолдс. „Таа е сега со Кери“, изјави синот на Деби и брат на Кери, Тод Фишер

https://p.dw.com/p/2V0DZ
USA Debbie Reynolds und Tochter Carrie Fisher in Los Angeles
Фотографија: picture-alliance/dpa/P. Buck

Холивудската актерка Деби Рејнолдс, која се прослави со улогата во филмот „Пеејќи на дождот“ почина на 85. години, само еден ден по смртта на нејзината ќерка, исто така актерка Кери Фишер.

Рејнолдс починала неколку часа откако е примена во болница во Лос Анџелес, најверојатно по мозочен удар. Веста за смртта на Деби Рејнолдс ја објави нејзиниот син, Тод Фишер.

„Таа е сега со Кери“, рече тој, додавајќи дека смртта на ќерката била премногу за Рејнолдс. Нејзината ќерка Кери Фишер почина како последница од срцев удар.

USA Schauspielerin Debbie Reynolds in Beverly Hills
Фотографија: picture-alliance/AP Images/C. Pizzello

Мери Френсис Рејнолдс е родена на 1. април 1932. година. Компанијата „Варнер брадрс“ ѝ го даде името Деби.

Актерката Кери Фишер, позната по улогата на принцезата Леjа во „Војна на ѕвездите“, почина пред 2 дена на 60. годишна возраст, неколку дена по силниот срцев удар за време на трансатлански лет. На Фишер претходно и’ се слошило на летот од Лондон до Лос Анџелес и по слетувањето во критична состојба била пренесена во болница. Американските медиуми известија дека имала тежок срцев удар. Кери Фишер во Лос Анџелес се враќала од Лондон каде ги промовирала нејзините мемоари.

Силата нека биде со тебе