Село без машко дете речиси една деценија
19 август 2019За време на последниот натпревар за млади пожарникари, некој за прв пат забележа нешто необично во врска со малото полско село Мјесче Одржанские. Секое од униформираните деца што ги покажуваа своите вештини беше девојче.
Погледнете како изгледаше тоа:
Причината е колку едноставна толку и изненадувачка. Ниту едно машко дете не се родило во селото речиси една деценија, додека во истиот период во местото со неполни 300 жители се родиле 12 девојчиња.
Недостатокот на момчиња е толку загрижувачки што градоначалникот понуди парична награда за првото семејство што на свет ќе донесе син. Колкава е наградата, не можеа да откријат ниту бројните светски медиуми кои се сјатија во Мјесче Одржанские за да ја истражат мистеријата со недостатокот на машки деца