1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

061210 Irland Stresstest

7 декември 2010

Во јули годинава беше спроведен стрес-тестот за европските банки, и сите банки во Ирска го минаа успешно. Само неколку месеци подоцна токму банките во Ирска се главната причина за финансиската загрозеност на оваа земја.

https://p.dw.com/p/QRHU
Фотографија: dpa

Ирска е првата земја од ЕУ која побара помош од фондот за спас на финансиски загрозените земји членки на Унијата. Таа држава даде гаранции во износ од 350 милијарди евра за спасување на четири големи банки, пред се на Англиско-ирската банка. Со тоа дефицитот на Ирска се искачи на 32 процента од годишниот домашен бруто-производ, речиси 11 пати повеќе од горната граница на задолжување предвидена со пактот за стабилност на еврото.

Овде се наметнува прашањето: како можеа ирските банки да го поминат стрес-тестот спроведен во европските земји во јули годинава? Имаше ли тука некакви манипулации?

Irland Defizit
„Банк оф Ирланд“ е една од четирите финансиски загрозени банки во ИрскаФотографија: picture alliance/dpa

Сите ирски банки успешно го минаа тестот

Фидел Хелмер, шеф за берзански прашања на банката „Хаук и Ауфхојзер“ смета дека финансиската криза се’ уште не е надмината, иако стрес-тестот придонесе за попуштање на напнатоста.

„Резултатите од стрес-тестот тогаш ги смирија пазарите, но во меѓувреме се родија сомневања во квалитетот на тој тест“.

Тогаш беа проверувани 91 банка, а само седум не го положија тестот: германската „Хипо риел естејт“, грчката банка АТЕ и пет шпански штедилници. Не стана ни збор дека ирски или португалски банки ќе западнат во криза во наредните четири месеци, дека ирските банки не ќе можат да преживеат без помош од државата и дека Ирска ќе мора да побара помош од европскиот фонд.

Герхард Хофман, член на раководството на Сојузното здружение на германски банки и штедилници, не е изненаден и не г цени многу стрес-тестот.

„Мене не ми е познат случај во минатото таков тест, кој не беше летоска за прв пат направен, да донесе вистиснки сознанија за согледување и прогнозирање на идни проблематични случаи. Тоа значи дека она што денес предизвикува стрес со голема веројатност нема да биде проблем утре“.

Deutschland Stadt Frankfurt Architektur Gebäude EZB Euro Logo
Седиштето на Европската Централна Банка во ФранкфуртФотографија: Fotolia/interlight

Стрес- тестот предизвика ефект спротивен од посакуваниот

Минатата недела член на управен одбор на една банка во тесен круг ги означи стрес-тестовите како „плацебо, празна пилула, за смирување на пазарот“. Кај банките се концентрираат тешкотиите на една економија , смета Кај Карстенсен од институтот „Ифо“ од Минхен.

„Постојано доаѓа нешто ново. Сега тоа се државните задолжувања“.

Банките се’ уште речиси и не си позајмуваат меѓусебно пари, активата ја депонираат кај Европската централна банка, а со кредити од неа ги премостуваат „тесните грла“. Порамнувачката функција меѓу понудата и побарувачката на пари и натаму претежно се одвива преку Европската централна банка, а не преку пазарот. Тоа е така оти стрес-тестот, што требаше да донесе сигурност, го постигна спротивното, смета банкарот Фидел Хелмер.

„Сметам дека, на пример, Дојче банк е извонредно раководена и во минатото постигна и во иднина ќе постигнува извонредни резултати. Но, така да се каже, и таа е принудена да ја споделува одговорноста поради дела на други од браншата, токму затоа што тие стрес-тестови на многу банки во меѓувреме станаа многу дискутабилни“.

Автор: Михаел Браун/ Зоран Јордановски

Редактор: Симе Недевски