1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Светот ја пречекува новата 2022

СН/агенции
31 декември 2021

Во 2022 година први влегоа граѓаните на пацифичките држави Кирибати, Самоа и Тонга, а потоа Нов Зеланд и Австралија. Во некои земји, поради пандемијата, прославите беа или ќе бидат поскромни од претходно.

https://p.dw.com/p/451w9
Australien Sydney Neujahr Feiern
Спектакуларен огномет во Сиднеј за дочекот на 2022 годинаФотографија: Wendell Teodoro/Getty Images

Луѓето ширум светот се збогуваат со 2021 и го слават влегувањето во новата 2022 година. Потребни се 26 часа пред во секое катче на светот да пристигне 1 јануари 2022.

Новата година веќе е дочекана во бројни земји во светот, на пример, во Кина, Монголија, Малезија, Австралија, делови од Русија , како и на Филипините.

Претходно, новата 2022 година беше дочекана  и во Јапонија, Северна и Јужна Кореја.

Светлосно шоу во Сеул за Нова Година
Светлосно шоу во Сеул за Нова ГодинаФотографија: JUNG YEON-JE/AFP

Новата 2022 година беше дочекана и на островите во Океанија - Фиџи, и Тивалу.  

Доаѓањето на 2022 први со огномети го прославија островските држави во Пацификот, Самоа, Тонга и Кирибати, аеден час подоцна и Нов Зеланд. Самоа, според туристичките работници, донела пет експерти за пиротехника од Нов Зеланд за да организираат огномет. Во бројни градови во Нов Зеланд, поради рестриктивните епидемиолошки мерки, беа забранети собирите за новогодишната ноќ, а ги немаше ниту традиционалните огномети. 

Во австралиската метропола Сиднеј, нешто подоцна беше одржан спектакуларен огномет по влезот во 2022.  Шест тони пиротехнички средства беа испукани во Сиднеј, а огнометот траеше повеќе од 10 минути. И покрај епидемиолошките мерки, десетици илјади луѓе го следеа огномет во живо на улиците. 

Дочек на Новата година во Окленд, Нов Зеланд
Дочек на Новата година во Окленд, Нов ЗеландФотографија: Dave Rowland/Getty Images

Слични светлосни спектакли имаше и во градовите Канбера и Мелбурн, а потоа на 2022 ѝ се израдуваа во Јапонија и во двете Кореи. 

Во 17 часот по средноевропско време новата 2022 година пристигна во Кина,  а потоа следуваат Индонезија и Тајланд, Бангладеш, и  Пакистан.  Дочекот на Нова Година сам по себе не е особено важен празник за Кинезите. Според нивниот традиционален лунарен календар, новата година започнува дури во февруари. 

Што се однесува до Европа, новата 2022 најнапред ќе пристигне на истокот на континентот. Во голем број држави прославите ќе бидат ограничени поради рестрикциите за справување со новиот сој на коронавирусот, Омикрон. Така ќе биде и во Германија каде има значајни ограничувања на приватните средби и генерална забрана за приватни огномети. Освен тоа, и оваа година како и минатата нема да се одржи традиционално најголемата забава за дочек на Нова Година- онаа пред Бранденбуршката капија во Берлин.

Приодите до Бранденбуршката капија во Берлин се блокирани од полицијата: Прославата за Нова година отпаѓа и годинава
Приодите до Бранденбуршката капија во Берлин се блокирани од полицијата: Прославата за Нова година отпаѓа и годинаваФотографија: Markus Schreiber/AP/picture alliance

Во последен момент, инаку, беа објавени и позитивни новини за Лондон. Иако беше најавено дека нема да има огномет поради пандемијата, се чини дека таа одлука е променета и дека Британците ќе уживаат во светлосен спектакл  за новогодишната ноќ. 

Инаку во Дубаи на највисоката зграда во светот, висока 828 метри- Бурџ Калифа, планиран е уште еден спектакуларен огномет. Исто така, за дочекот речиси и да ќе нема ограничувања во главниот град на Русија Москва. Меѓу другото, на Црвениот плоштад е планиран и голем огномет. планирано. Во Њујорк по пауза од една година  се одржи традиционалната новогодишната прослава на Тајмс Сквер. Посетителите меѓута мора
да  бидар вакцинирани против Ковид-19.