1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Светот се сеќава на жртвите од Првата светска војна

Мирослав Јаблонски/Агенции11 ноември 2008

Одбележувањето на 90 години од крајот на Првата светска војна се одржа во меморијалниот центар Дуомон во Лотарингија, Франција и во Варшава, каде Полска одбележува и 90 години од повторното обединување на земјата.

https://p.dw.com/p/FroO
Од борбите во 1915 годинаФотографија: dpa

Денеска се одбележуваат 90 години од крајот на Првата светска војна. Четиригодишниот судир во кој учествуваа 36 држави однесе во смрт повеќе од 20 милиони луѓе. Централната церемонија се одржа во меморијалниот центар Дуомон во Франција, кое е изграден на местото каде во 1916 година се одвивала битката за Вердун во која загинаа 300.000 германски и француски војници.

Церемонијата ја отвори францускиот претседател Никола Саркози кој беше придружуван од британскиот принц Чарлс и претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Барозо. Саркози притоа нагласи дека на овој ден треба да се потсети на сите жртви во војните без разлика од која земја доаѓаат. Тоа тој го поврза со чинот на помирување помеѓу Германија и Франција, кои во двете светски војни беа непријатели.

Имено токму на ова место во 1984-та година, поранешниот германски канцелар Хелмут Кол и тогашниот француски претседател Франсоа Митеран, како знак на помирување помеѓу двата народа заеднички им оддадоа почит на жртвите од светските војни.

Крајот на Првата светска војна донесе повторно обединување на Полска

Крајот на Првата светска војна истовремено се одбележува и во Полска, која на овој ден пред 90 години повторно беше обединета. На церемонијата во Варшава присуствуваа 16 странски државници, меѓу кои германската канцеларка Ангела Меркел и македонскиот претседател Бранко Црвенковски.

Polen Unabhängigkeitstag Yushchenko Merkel Saakashvili Mesic
Ангела Меркел меѓу дел од присутните државници во ВаршаваФотографија: AP

Полскиот претседател, Лех Качински на главната церемонија, која се одржа на плоштадот Пилсудски го нагласи симболичкото значење на повторното обединување на неговата земја, кое започна да се одбележува од 1989 година по падот на комунистичкиот режим.

Качински притоа подвлече, дека доколку некој ја познава историјата на Полска од периодот на 123 години поделеност помеѓу Русија, Австрија и Прусија, тогаш добро знае дека тој бил одбележан со борби, три големи национални востанија и движења на отпорот.