1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шпански експеримент: Саемите со публика се враќаат

Стефани Милер
22 март 2021

Пандемијата на корона жестоко ја погоди саемската бранша во светот. Преку ноќ се укинаа сите саемски манифестации, до денес. Мадрид сега планира нов почеток.

https://p.dw.com/p/3qkkN
Spanien Messeglände Madrid
Фотографија: Ifema Messe Madrid

Едуардо Лопез-Пуертас зад себе има тешка година – на 10 март 2020 година Мадридскиот саем Ифема мораше да ги затвори вратите: „По една рекордна година – 2019, одеднаш во нашите хали завладеа необична и тажна тишина. А десет дена подоцна стигна одлуката на владата од Мадрид – тамуда подигнеме болница“, раскажува за Дојче веле директорот на Ифема, кого колегите од Франција, Германија и Италија сега го опсипуваат со прашања.

Зашто, Ифема како прв саем во Европа повторно почнува со одржување саеми. Денеска (22 март) со Hospitality Innovation Planet повторно се враќаат штандовите, конференциите и посетителите во халите. Саемот во Барселона овој чекор го планира дури за крајот на јуни со Светскиот саем за мобилна телефонија. Еден мора да повлече нога во Европа, смета шпанскиот економист Хуан Карлос Мартинез: „Мадрид е еден од најважните саемски и конгресни центри во светот. Мораме да докажеме дека сме способни тоа да го организираме.“

Среде пандемија: Мадрид – магнет за туристи

Од град со наголем број мртви од Ковид-19 до „трендсетер“?

Шпанскиот главен град како ниеден друг во Европа ја почувствува тежината на пандемијата. Досега, според официјалните наводи, од коронавирус во Мадрид починале околу 14.000 луѓе. Никаде на друго место пандемијата не беше со толкава концентрација, затоа таму има само мал број негатори на пандемијатаи теоретичари на заговори.

Но, со месеци овде рестрикциите се во најголем дел укинати, постои полициски час од 23 часот. Но, секој овде насекаде носи маска штом излегува од дома. Шпанците како ниедна друга земја економски се прилагодија на кризата. „Ние сме народ кој е особено силен во тешки ситуации“, вели шпанскиот познат комичар и интелектуалец Хозе Мигуел Монзон.

Ново чувство на слобода за милиони Шпанци

Тој самиот деновиве меѓутоа ретко се движи меѓу луѓе. Дипломираниот лекар стравува, со оглед на тоа што во Мадрид сѐ уште има висока инциденција, можеби највисока во земјата. И на Лопез-Пуертас му е немирно во срцето поради отворањето на халите на саемот Ифема: „Не е едноставно да се заборават ужасите од пред една година, но Ифема уште тогаш беше единствена болница во Шпанија, каде поради посебниот систем на вентилација никој од персоналот не се зарази.“

Од топ-сајмиште до привремена болница

Привремената болница во просториите во северен Мадрид беше демонтирана дури во мај 2020 година. Деновиве во халите ќе пристигнат повеќе стотици шпански експерти од гастрономијата и хотелиерството за да разменат идеи околу нови деловни концепти во време на коронавирус. „Оваа бранша беше посебно тешко погодена, затоа го сметаме за важен за старт токму овој настан“, објаснува Лопез-Пуертас. Следниот голем саем во Мадрид ќе биде Фитур во мај, светски позната средба на туристичката сцена. За неа посетителите ќе мора да се тестираат, а ако дотогаш има и Ковид-пасоши, ќе треба да ги покажат. Оној кој ќе се обиде да дојде спонтано, ќе може да се тестира во специјално за таа цел резервирана хала.

За сегашниот саем, напротив, ќе важи почитување на класичните протоколи, кои од пред неколку месеци успешно ги спроведува мадридската култура: сѐ се подготвува дигитално, посетителите претходно мора да се регистрираат преку интернет, на влезот се мери телесна температура, се запазува физичка дистанца. Важи обврска за носење маска, во халите функционира вентилацијата. Сите излагачи и сервисни соработници мора да приложат негативни корона-тестови пред да почнат со работа.

Барселона ќе ги причека искуствата од Мадрид

Барселона уште е воздржана. Во времињата пред корона, Светскиот саем за мобилна телефонија имаше преу 100.000 посетители, лани не се одржа поради пандемијата, а сега се планира нов старт на крај на јуни. Предвидени се околу 50.000 посетители, а подготвен е посебен хигиенски концепт. Но, некои крупни фирми веќе откажаа учество, меѓу нив се Ериксон, Нокиа, Сони и Фејсбук. Саемот во Барселона во овој случај го става на располагање само просторот, а организатор е меѓународната асоцијација за мобилна телефонија ГСМА.

И Едуардо Лопез-Пуертас не може да ја скрие нервозата: „Минатиот август на вработените во Ифема им испратив охрабрувачко писмо, зашто мислев дека во септември повторно ќе почнеме, во јануари пак разбудив надеж дека вработените ќе бидат ослободени од скратено работно време. Но, во меѓувреме постојано се испречуваа растечки бројки на инфицирани“, раскажува менаџерот, кој на функцијата е пет години.

Ковид-19: Најголемиот паркинг за авиони во Европа

Цела една година целата работа отпадна, но настанаа и доста нови работи: „Пандемијата ни ги покажа можностите за организирање хрибридни саеми со штандови и видеоконференции,“ вели Баптист Булард, соосновач на Свапкард, една од фирмите чија цел е повторно исправање на нозе на саемската бранша.

Сега помагаат само молитви

„Шпанската бранша за организирање настани и манифестации страдаше многу од отпаѓањето на посетители и се подготвува за масовно разградување работни места“, вели Булард. Со своите иновативни здравствени протоколи Лопез-Пуертас сака тоа да го спречи во Ифема и планира да покаже дека Шпанија ги научила лекциите од грешките. На 8 март 2020 година владата уште дозволуваше протести на жените во цела земја, со што се забрза ширењето на вирусот.

Претходно, во февруари 2020., во Мадрид беше одржан и меѓународниот саем за уметност АркоМадрид, додека во Швајцарија и Германија веќе беа забранети вакви настани.

„Напорно работевме за да можеме да се вратиме. Здравствените протоколи се студиозни и сигурни. Сега ни останува уште да се молиме сѐ да помине добро“, вели Лопез-Пуертас.