Саем на автомобили во Шангај
20 април 2017Реклама
Автомобилскиот саем во Шангај беше отворен со голема помпа во средата. Присутни се сите водечки светски автопроизводители, а фокусот годинава е на електричните возила.
Во тој сегмент, кинеските производители веќе со години инвестираат огромни средства и во меѓувреме израснаа во водечки иноватори.
Кина е најголем пазар за автомобили во светот. Во 2016 година беа продадени 24 милиони возила, а бројката се очекува да достигнe 35 милиони до 2025 година.
Саемот во Шангај трае до 28 април. Повеќе детали дознајте од видеото: