1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

САД распоредуваат борбени сили во правец на Иран

СН/ агенции
6 мај 2019

Еден носач на авиони и една ескадрила бомбардери ќе бидат стационирани на Средниот Исток. Акцијата треба да биде предупредување за Иран, а не објава на војна, потенцираше американскиот советник за безбедност Џон Болтон.

https://p.dw.com/p/3Hz07
Abraham Lincoln Flugzeugträger USA
Фотографија: AP

САД испраќаат носачи на авиони и бомбардери на Средниот Исток со јасна порака за Иран, изјави советникот за национална безбедност во Белата куќа, Џон Болтон.

Болтон во соопштението кое е издадено синоќа рече оти САД ќе распореди носачи на авиони Абрахам Линколн и бомбардери во Американската централна команда која го вклучува Средниот исток.

Советникот за национална безбедностна на американскиот претседател Доналд Трамп рече дека тоа е одговор на „повеќе загрижувачки назнаки за ескалација и на предупредување“, но не изнесе детали.

Повеќе:

-Иран „соодветно ќе одговори“ на заострените санкции на САД

-Трамп го зголемува притисокот врз Иран

Цел е да се испрати „јасна и недвосмислена порака“ до иранскиот режим, односно секој напад на интересите на САД или на американските сојузници ќе наиде на „немилосрдна сила“, се наведува во соопштението.

USA Washington Sicherheitsberater John Bolton
Џон БолтонФотографија: picture-alliance/AP Photo/E. Vucci

„САД не бараат војна со иранскиот режим, но целосно сме подготвени да одговориме на секој напад на Исламската револуционерна гарда или на редовните ирански сили, и ако е спроведен преку посредници“, изјави Болтон.

Односите меѓу Вашингтон и Техеран се на најниско ниво. Пред една година Трамп ги повлече САД од иранскиот нуклеарен договор кој е постигнат со светските сили, сметајќи дека договорот е премногу слаб и оти не води сметка за другите акции на Иран на Средниот Исток.

Останатите потписници на договорот, вклучувајќи ги и европските сојузници на Вашингтон, засега го почитуваат овој договор, а според меѓународните инспектори го почитува и Техеран.